И дедото и таткото на Вилијам Керик имале блиски врски со Русија. Тие тргувале со дрвена граѓа и често го посетувале Санкт Петербург. Вилијам е роден во Единбург, но семејството набрзо се преселило во Русија, каде потоа го проживеал целиот свој живот, со исклучок на времето поминато во школување во Рим и родниот Единбург.
Керик дипломирал на Академијата за ликовни уметности, студирал архитектура и сликарство, а во Шкотска се запознал со фототехниката и станал опседнат со фотографијата. Во 1859 година го отворил едно од првите фотографски ателјеа во Санкт Петербург. Го фотографирал секојдневието на Петербург, но се прославил со своите етнографски експедиции во текот на кои собирал портрети на претставници на различни народи кои живееле во Руската империја.
Погледнете ги неверојатните фотографии на Карик од серијата „Руски типови“ кои како временска машина нé враќаат назад во времето.
Старец
Патувачки трговец
Келнер
Поштар
Кочијаш
Селанец со самовар
Тулар
Селани со запрежни коли
Староверка (од серијата „Руско свештенство“)
Дрвосечач
Државен службеник
Трговец со галантерија
Свирач на балалајка
Селанец руча
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче