Провинциски град во Русија. Моќната жена по име Варвара Ставрогина ги пречекува гостите на нејзиниот имот. Сите го чекаат доаѓањето на нејзиниот син Николај Ставрогин. Тој е очигледен и мистериозен млад човек од бајроновски тип, чија личност е опкружена со гласини и озборувања. Николај се појавува во друштво на пријател, човек по име Петар Верховенски, кој е водач и главен идеолог на тајна револуционерна ќелија во која собира млади со социјалистички и нихилистички убедувања.
Ненадејно Иван Шатов, член на нивниот кружок, му удира шамар на Ставрогин пред сите. Тој е поранешен студент кој некогаш бил наклонет кон револуционерни идеи, но сега верува во идејата за рускиот народ како богоносен народ и дека верата е единствениот вистински пат за Русија.
Веднаш сите почнуваат да шпекулираат зошто Ставрогин добил шлаканица, но никој не знае со сигурност. Меѓутоа, најверојатната причина лежи во фактот дека Ставрогин ја завел сестрата на Шатов (како што се покажува подоцна).
Верховенски сака да ја поврзе својата револуционерна група со злосторство и заедничка тајна и затоа планира убиство. Тој одлучува Шатов да биде таа политичка жртва. Верховенски тврди дека Шатов планира да ја извести полицијата за нивната организација и на тој начин ги наведува останатите да се согласат на убиството.
Верховенски го убива Шатов, но во шок потоа ја нашушта Русија. Останатите членови на групата се откриени и уапсени. А Ставрогин си го одзема животот.
Истовремено во провинцијата каде што се одвива дејството започнуваат турбулентни настани: пожари, болести, насилство и немири - како демони продираат и се шират низ општеството.
Многу од романите на Достоевски на некој начин биле инспирирани од реални злосторства (вклучувајќи ги „Браќата Карамазови“ и „Злосторство и казна“). „Демони“ не е исклучок. Овој пат писателот бил шокиран од убиството на студент од страна на групата револуционери на Сергеј Нечаев во 1869 година. Загрижен поради порастот на револуционерниот терор во Русија, Достоевски го напишал својот во најголема мера политички роман.
Достоевски бил монархист, верник на Руската православна црква и словенофил. Ги отфрлал сите нови либерални и нихилистички идеи, сметајќи ги за погубни за Русија.
Ова револуционерно движење е прикажано како мрачна демонска сила која ги труе младите и студентите. Во романот има впечатлива сцена со таткото на Верховенски (човекот кој ги научил тие млади луѓе на либерални идеи). Тој случајно запознава жена која му цитира епизода од Библијата за Исус како истерува демони од опседнат човек и го споредува тој човек со Русија. На тој начин Достоевски порачува дека само верата може да ја спаси Русија, а како епиграф на романот става цитат од Евангелието по Лука.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче