- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Најпознати режисери на првите советски филмови беа Сергеј Eјзенштајн, Јаков Протазанов и Ѕига Вертов, чии дела оставија неизбришлива трага во целокупната светска кинематографија.
1. „Заземањето на Зимскиот дворец“, 1920.
Филмот кој раскажува за клучните настани на Октомвриската револуција од 1917 година, е зачуван само во фрагменти, но и покрај тоа останува неодминлив во светската кинематографија. Во филмскиот јуриш учествуваа околу десет илјади луѓе, кои беа ангажирани во масовните сцени и ја соборија привремената влада и власта на буржоазијата. Сцените на екранот оставија силен впечаток кај генерации гледачи кои токму така го замислуваа заземањето на „Зимскиот дворец“.
реж. Константин Державин/ПОФКО, 1920.
Во реалноста тоа изгледаше малку поинаку. Во тоа време во дворецот беше сместена болница во која се лекуваа ранети во Првата светска војна и Привремената влада, во неколку кабинети. Во дворецот немаше посебно обезбедување, а групата револуционери (во зависност од изворот, меѓу девет и дванаесет) влезе низ отворена врата.
2. „Аелита“, 1924.
Премиерно прикажан во 1924 година, а снимен според приказната на Алексеј Толстој која раскажува за лет на Марс и намерата на ликовите да започнат револуција таму. „Аелита“ беше еден од првите во светот на научно-фантастичните филмови кој и ден-денес се смета за ремек дело на немиот филм. Уште пред револуцијата од 1917 година режисерот Јаков Протазанов сними дваесетина филмови, главно базирани на делата на руските класици, претежно комерцијално успешни.
реж. Јаков Протазанов/Межрабпом-Русь,1924.
Ниту „Аелита“ не беше исклучок во таа смисла. Во Москва филмот беше најгледан десет недели по премиерата. Интересно е што во 58. минута може да се види Црвениот плоштад без мавзолејот на Ленин.
3. „Необичните авантури на мистер Вест во земјата на болшевиците“, 1924.
Авантуристичка комедија на Лав Кулешов за патувањето на Американец во Советскиот Сојуз. Мистер Џон Вест, претседател на Американското здружение на млади христијани, планира да ја посети Советска Русија. Семејството и пријателите се обидуваат да го убедат да се откаже, верувајќи дека таму е апсолутно страшно. За да не биде толку страшно на патот, Вест го води со себе каубоецот Џеди.
реж. Лав Кулешов/Госкино,1924.
Филмот ги прикажува сите закоравени стереотипи, комични Американци, московски хулигани, пукотници во премините. Меѓутоа, Москва, која под болшевиците стануваше сé поубава, остава силен впечаток врз Вест и тој има симпатии спрема младата земја.
4. „Кино око“, 1924.
Иако Ѕига Вертов правеше документарни филмови за животот во СССР, тој првенствено беше вистински авангардист. Дури и официјалните настани беа снимани од неочекувани точки и агли, од автомобили во движење, од фабрички оџаци, под тркала на возови, со скриена камера. Никој друг не го правеше тоа пред него.
Ѕига Вертов/Госкино,1924
„Кино око“ е неговото најпознато дело за животот на советските граѓани. Во филмот најдоа место и психијатриска установа, и часови по физика, и пионери во шатори.
5. „Штрајк“, 1924.
Филмот на Сергеј Eјзенштајн го прикажува тешкиот живот во работничките фабрики каде што се работи во сосема неподносливи услови.
Сергей Эйзенштейн/Госкино,1924
Се разбира, станува збор за периодот пред револуцијата, кога сè уште не беше воведено вообичаеното осумчасовно работно време. Повод за штрајкот е самоубиството на еден од работниците, неправедно обвинет за кражба на алат. Ајзенштајн ги прикажува не само ужасите на капитализмот, туку и бруталното задушување на протестот.
6. „Продавачката на тутун на „Мосељпром““, 1924.
Комедијата на Јуриј Жељабушки го исмејува секојдневието на „неповците“ и потрошувачката култура.
Юрий Желябужский/Межрабпом-Русь,1924
Сите протагонисти во филмот се вљубени во продавачка која продава тутун во центарот на Москва. Еден од нив воопшто не пуши, а секое утро купува од неа кутија цигари. Друг ја „промовира“ во филмска актерка. А потоа во СССР пристигнува американски трговец.
Кого ќе избере продавачката? Скокотливо.
7. „Оклопницата „Потемкин“, 1925.
Историскиот филм на Сергеј Ејзенштајн се занимава со бунтот на оклопницата „Потемкин“ што се случи во јули 1905 година. Морнарите на Црноморската флота организираат бунт поради црвливото месо што го добиле, но протестот ќе прерасне во бунт против империјализмот.
Сергей Эйзенштейн/Госкино,1925
Младиот режисер го сними филмот по повод 20-годишнината од револуцијата 1905 година и имаше бројни експлицитни револуционерни обележја. Само рачно обоеното црвено советско знаме во црно-белиот филм предизвика лавина од воодушевување.
Филмот неизбежно се наоѓа во најтесниот избор на сите релевантни листи на најдобри филмови на сите времиња.
8. „Кројачот од Торжок“, 1925.
Јаков Протазанов требаше да сними рекламен филм за државните заеми, но отиде многу подалеку и сними уште едно ремек дело за секојдневието во 1920-тите.
Яков Протазанов/Межрабпом-Русь,1925
Комедијата зборува за работник во шивачница во провинцискиот град Торжок во Тверската област. Случајно купува државна обврзница која повлекува голема добивка. И ја губи.
Неверојатно! И што се случи на крајот? Погледнете и самите.
9. „Мајка“, 1926.
Филм на актерот и режисер Всеволод Пудовкин, снимен по мотиви на романот на најважниот револуционерен писател Максим Горки „Мајка“. Станува збор за судбината на едно семејство со спротивставени погледи на синот-револуционер и неговата мајка.
Всеволод Пудовкин/Межрабпом-Русь,1926
Во прашање е првиот дел од револуционерната трилогија на овој режисер, после кој се појавија „Крајот на Санкт Петербург“ и „Потомокот на Џингис-кан“.
10. „Октомври“, 1927.
Филмот на Сергеј Ејзенштајн и Григориј Александров, познат и под називот „Десет дена што го потресоа светот“, снимен е по повод десетгодишнината од Октомвриската револуција. Дејствието е фокусирано на периодот од Февруарската до Октомвриската револуција 1917 година.
Григорий Александров, Сергей Эйзенштейн/Совкино,1927
Сè започнува со немири во Петроград, луѓето немаат што да јадат, а освен тоа, Првата светска војна сé уште трае. Во градот доаѓа Ленин и застанува на чело на бунтот.