Како во 2023 година БЕСПЛАТНО да гледате руски филмови и ТВ-емисии со превод

Skynesher/Getty Images
Следи најновата листа на извори на современи и класични руски и советски филмови со превод на англиски, како и на други јазици.

1. Russian Film Hub

Овој сајт има многу советски и модерни руски филмови со добар квалитет и со англиски титлови. Сајтот се позиционира како „дефинитивна енциклопедија на руската и советската кинематографија“. Исто така има корисна опција за сортирање на содржината по децении.

2. „Неверојатен руски“ Јутјуб канал

Плејлистата „Руски филмови со англиски преводи“ на овој канал нуди околу 20 советски и руски филмови со англиски преводи.

3. Epic Media

Epic Media е една од продукциските компании во Русија која произведува и дистрибуира ТВ емисии. Јутјуб-каналот на компанијата има пристојна библиотека на современи руски емисии со англиски превод.

4. Star Media

Star Media е уште една руска продуцентска компанија која ја споделува својата содржина на „Јутјуб“. Покрај тоа, Јутјуб-каналот на компанијата исто така дистрибуира филмови и ТВ-емисии кои ги произведуваат други продуцентски компании во земјата.

5. Филмска куќа СТВ

Оваа продуцентска куќа исто така нуди содржина на својот Јутјуб-каналу. Побарајте ја плејлистата „Филмови со англиски титлови“.

6. Mosfilm

Едно од најголемите и најстарите студија во Русија има многу содржини достапни на својата веб-страница, вклучувајќи класични советски и современи руски филмови. Вреди да се провери и Јутјуб-каналот на компанијата.

7. Сите советски филмови на RVISION

Овој Јутјуб-канал има мноштво филмови од раната советска ера, првенствено од 1920-тите и 1930-тите

8. RusFilmES

Ова е одличен канал за публиката на шпански јазик заинтересирана за руски филмови и ТВ-емисии.

9. RT

RT-мрежата произведува документарни филмови со англиски превод. Повеќе документарни филмови се достапни на веб-страницата на каналот.

10. Цртани филмови

Некои руски цртани филмови се стекнаа со значителна популарност надвор од земјата. Има повеќе Јутјуб-канали кои дистрибуираат руски цртани филмови, од кои некои имаат превод на англиски. Такви канали се, на пример, „Гора самоцветов“„Русские мультфильмы“ и „Три богатыря“.

Кликнете овде за да гледате психоделични советски цртани филмови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња