Старорускиот „лицевој“ вез: како жените „сликале“ со игла и конец

Пермска уметничка галерија
Многу од делата на овие везилки се вистински ремек-дела, кои по уметничката сила не заостануваат зад најдобрите примери на рускиот иконопис.

Во Стара Русија, во секоја куќа, од царската палата до селската колиба, жените се занимавале со ракотворење. Везот се користел за украсување на наједноставните домашни предмети. Додека особено се издвојувал таканаречениот „лицевој“ вез, односно вез на религиозни теми.

Богородица, Покровец 1630. Работилница за вез на царицата Евдокија Лукјановна.

Тука на платното се прикажувани светци и библиски сцени, а овие дела обично се дарувани на црквите и манастирите.

Богоугодна работа

Везот се појавил во Русија уште пред примањето на христијанството. На најстарите примероци може да се најдат пагански симболи: дрвото на животот, божицата-мајка, симболи на сонцето. Меѓутоа, благодарение на влијанието на Византија, оваа вештина значително се проширила по примањето на христијанството. 

Полагањето на Христос во гробот. Сољвичегодск, 1592.

Полагањето на Христос во гробот (детали). Сољвичегодск, 1592.

Постепено паганските елементи на везот прераснале во орнаменти кои ги опкружуваат ликовите на светците. Покрај светците, жените везеле библиски сцени, па нивните дела често се наоѓале во храмовите на одеждите на свештениците, на мртовечките покрови, на чесната трпеза (во средината на олтарот). Има дури и ретки примери на извезени икони.

Благородна вештина

Чудото на Свети Архангел Михаил во Хона. Покровец 1501-1503.

Во „Домострој“, познатото дело на руската книжевност за правилниот начин на живот, се наведува дека добрата сопруга треба да биде добра домаќинка и вешта во ракотворењето. Ова правило важело за сите слоеви на населението, така што везот го учеле и девојките од обичниот народ и ќерките на богатите. Меѓутоа, везот „лицевој“ бил наменет само за девојки од богати семејства, бидејќи свилените, златните и сребрените конци, како и другите материјали користени во него биле многу скапи.

Сергиј Радонешки, 1422-1424.

Сергиј Радонешки (детаљ), 1422-1424.

Покрај тоа, овој вид на вез е многу комплициран процес. Во куќите на богатите имало посебна просторија во која домаќинката на куќата и нејзините везилки се занимавале со ракотворење. Во царската работилница работеле и до сто девојки, но за везот „лицевој“ биле потребни и мајстори за цртање на ликовите на светците, посебни мајстори за цртање форми на растенија и мајстори за пишување букви.

Кнезот Дмитриј, 1656. Работилница за вез на А.И. Строганова, Сољвичегодск.

Обично овие работи ги вршеле мажи. На хартија исцртувале контури на светци, орнаменти и натписи, кои везилките ги ставале на ткаенината и ги шиеле со конец, а потоа ги пополнувале контурите со вез.

Икона на Мајката Божја „Знамение“. Работилница за вез на царицата Евдокија Лукјановна, Москва, 1630.

Понекогаш цртежот се нанесувал директно на ткаенината, а везилките најпрвин го обележувале со бел конец, а потоа го полнеле со вез.

„Сликање со игла и конец“

Богородица Одигитрија, 1620-1630.

Ова име за везот „лицевој“ се појавило во XV век, кога почнал да се користи разнобоен свилен конец. Притоа свилата доаѓала од Кина, Иран, Турција, понекогаш од Италија и Шпанија. Честопати везот „лицевој“ дополнително се украсувал со скапоцени камења и бисери.

Богородица Одигитрија (детаљ), 1620-1630.

Богородица Одигитрија (детаљ), 1620-1630.

Работата на некои особено комплицирани слики траела и по неколку години. Притоа на едно платно работеле неколку везилки кои имале различни задачи. На пример, некои девојки само ставале бисери на платното. Добрите везилки понекогаш целиот свој работен век - од 35 до 50 години - го поминувале во работилницата на куќата на некој богат човек.

Зачувување на традицијата

Многу вакви дела не се зачувани до денес. Но, современите работилници за традиционален вез на религиозни теми ја продолжуваат древната традиција. На пример, овој занает се негува во работилницата при Троице-Сергиевата лавра. 

Полагањето на Христос во гробот.

Полагањето на Христос во гробот (детали)

Надвор од црковните установи исто така работат и независни работилници. Постојат и школи за везење каде секој заинтересиран може да ја совлада древната техника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња