Легендарната Килибарна соба во Царско Село - детали (ФОТО)

Култура
RUSSIA BEYOND
Исчезнувањето на скапоцените орнаменти од царската палата за време на Втората светска војна претставува мистериозен случај кој никогаш не беше решен. Но, во 2003 година собата беше реконструирана во целост.

Царската резиденција во Царско Село во близина на Петербург отсекогаш ги воодушевува посетителите со својата елеганција и гламур. А во дворецот имаше и една просторија со посебна вредност, таканаречената Килибарна соба.

Од подот до таванот беше покриена со панели, украсни елементи, паноа и слики од килибар. Интересно е што собата беше создадена пред да биде создаден дворецот.

Изработена е од германски мајстори, а прускиот крал Фридрих I му го подари на Петар I. Додека руските дворски архитекти и уметници само го доработија нејзиното и онака фасцинантно раскошно уредување.  

Два века подоцна, за време на Втората светска војна, нацистите кои го окупираа Царско Село ја однесоа од дворецот оваа соба со непроценлива вредност заедно со други скапоцености кои Русите не успеаја да ги евакуираат.

Благото беше неповратно изгубено, ако не ги сметаме неколкуте пронајдени фрагменти кои во 2000 година беа вратени во Русија.

Бројните потраги со цел утврдување на локацијата на собата немаа резултати, па се претпоставува дека изгорела (повеќе за тоа можете да прочитате воовој текст).

Меѓутоа, по повод прославата на годишнината од основањето на Санкт Петербург, собата беше реконструирана до најситни детали. Погледнете ја само таа убавина!