Килибарната соба, Екатерински дворец, Пушкин (порано Царско Село) покрај Санкт Петербург
Getty ImagesМузејски работници во Полска открија влез во тунел на подрачјето на комплексот германски бункери во местото Мамерки на југозападот на земјата, а во кој би можела да се крие Килибарна соба, изјави Бартоломеј Плебанчук. директор на Музејот на Втората светска војна.
„Користејќи професионален георадар лоциравме подземен тунел, а по копањето на местото откривме отвор, кој судејќи според сѐ е затворен уште во Втората светска војна, и до ден-денес е недопрен“, рече Плебенчук, пренесуваат руските медиуми.
За димензиите на тунелот засега ништо не се зборува, но се напоменува дека влезот е намерно скриен со голема количина земја. Така што, за да се влезе внатре, потребно е да се отстрани од влезот сто килограми тешка бетонска плоча и да се откорне дрвото кое пораснало таму.
Полските музејски работници веруваат дека во тунелот ќе може да се влезе веќе кон крајот на овој месец. Претходно германски научници изнесоа претпоставка дека Килибарната соба можело да биде сокриена во пештерата Принца во Рударските планини на југот на Саксонија, недалеку од Дрезден.
Ремек-делото на уметноста од осумнаесеттиот век – Килибарната соба – се смета за изгубена во Втората светска војна. Германската војска ја однесе 1941 година од дворецот во Царско село и ја префрли во Кенигзберг. Килибарното пано тогаш е сместено во Кралскиот замок во престолнината на Источна Прусија. Меѓутоа, при повлекувањето на Вермахтот пролетта 1945 година исчезнува без трага.
Како места на кои оваа скапоценост би можела да биде скриена се спомнуваат Калининградската област, Германија, Полска и Чешка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче