Творештвото на дизајнерот Петар Аксјонов е свртено кон старите руски традиции. Таа фасцинација потекнува уште од детството, имено мајката на златарот е позната сликарка-иконописец. Во рамките на брендот Axenoff Jewellery има неколку колекции со директни референци на традицијата. Така, колекцијата The Romanovs е инспирирана од накитот на последното царско семејство.
На почетокот на минатиот век на дворот беше во мода рускиот стил, вклучувајќи и накит. Како еден од најдобрите примери би можел да послужи прстенот Tsarina Tamara од бело злато со дијаманти и топази, изработен во вид на скапоцен кокошник, како оние што се носеле на костимираните балови.
Игор и Екатерина Комови создаваат современ накит во руски стил. Меѓутоа, тука во никој случај не станува збор за копирање на музејски примероци. Секое парче создадено од креативните млади дизајнери е своевидна интерпретација на историскиот накит. Применетите уметници се потпираат на старите руски традиции, инспирирани од камените резби на црквите од предмонголскиот период и старото руско писмо, ракописните книги и народните занаети. Приврзокот „Олгин крст“ е референца на првите кнежевства од времето на формирањето на руската држава. Изработен е од сребро со гранат и се носи на масивен синџир.
Најпознатиот руски златар Илгиз Фазулзјанов создава разновиден накит, вклучувајќи и таков во „руски дух“. Уметникот во сите свои производи ја користи техниката на врел емајл. На обетките „Руски стил“, на пример, влошките од емајл го претставуваат главниот декоративен елемент. Со него златарот ја доловува впечатливата орнаментика карактеристична за старата руска архитектура, облеката, секојдневниот живот, со други зборови, целокупната древноруска култура.
Јарослав Аргентов важи за најголемиот руски мајстор за камеја и интаљо. Со овој бренд соработува познатиот руски мајстор за интаљо Владимир Попович. Повеќето производи на брендот се парчиња со најразлични камења. Ова вклучува, меѓу другото, и златен привезок во вид на панагија, икона-приврзок направена од резбан аметрин и емајл.
Руските традиции и дворската култура послужија како инспирација за создавање на бројни производи на уралскиот бренд. Ексклузивен партнер на компанијата е музејот-резерват „Петерхоф“. Во неговиот музеј е изложен накит од овој бренд инспириран од естетиката на познатата царска резиденција. И нараквицата за која зборуваме е референца на руските дворци. Содржи сé во што инспирација наоѓале архитектите на рускиот барок. Масивното преплетување на златната окосница и комбинацијата на бои со сјајот на дијамантите и зелениот малахит се чини како да се „симнати“ од ентериерот на царските одаи.
Младиот московски бренд има неколку национални колекции. Една од нив е „Голубушка“ посветена на рускиот стил. Станува збор за брошеви, прстени, обетки со стилизиран приказ на руската убавица. Дизајнерите користат широк спектар на материјали од сребро, злато и емајл до плексиглас и порцелан. Така и овој брош е изработен од плексиглас со светла кралскосина боја со детали од злато.
Карактеристика на делата на Владимир Маркин се невообичаените визии и најобичните предмети за секојдневна употреба. Вака традиционалниот руски деликатес ѓеврек со фантазијата и вештината на овој уметник е трансформирана во серија впечатлив накит. Примероците се изработени од позлатено сребро со црни дијаманти кои наликуваат на афионово семе.
Како што сугерира името, традиционалниот руски сувенир бил главната инспирација за дизајнерите на овој бренд. Ликот на матрјошката се промислува на различни начини, од традиционални и слични варијанти до апстракции на дадена тема. Ѓерданот со централен елемент во вид на матрјошка се изработува од различни метали. Овој примерок во розово злато е и најскапиот.
Во производите на овој бренд доминира етничкиот накит. Сепак, има и примероци со руска тема. Како што е, да речеме, овој прстен со клучниот симбол на Руската империја. Од XVIII век сите руски монарси се крунисувани со големата императорска круна. Дизајнерите на брендот Dzhanelli Jewellery го изработија од родиумово сребро посипано со кварц.
Дизајнерката Марина Анохина во колекцијата Folk го става акцентот на промислување на руските мотиви. Истата таа матрјошка, на пример, јувелирот ја кодирала во вид на прстен, а може да се види само под одреден агол. Моделот е направен од родиумово сребро со влошки од дрво рачно насликано во стилот на народното занаетчиство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче