Десет дизајнерски сувенири од Русија

Russia Beyond (Galka; Sirinbird)
Накит, керамика, играчки, па дури и дизајнерски куќички за птици. Ги избравме најмаркантните примероци кои сигурно нема да фаќаат прав на вашите полици. Идејата е да уживаме во нивниот несекојдневен дизајн и да ги користиме секојдневно.

1. Приврзок „Љубов“

Игор и Екатерина Комови, по образование архитекти, смислија накит со древноруски мотиви. Колекцијата од нивната марка „Онега“ никако не претставуваат реплики на старински предмети, ами се одликуваат со креативен пристап на различни сегменти од руската култура, од историски фонтови до древноруската архитектура и традиционалните играчки. Така колекцијата „Городец“ е инспирирана од городецкото декоративно сликарство, познатиот новгородски народен занает, а обетките од серијата „Вјатка“ се на варијација на тема познати играчки настанати во местото Димково.

Сребрениот приврзок „Љубов, дел од колекцијата „Солун“, е посветен на современото толкување на кирилицата. Колекцијата го има добиено името по родниот град на Кирил и Методиј, творците на словенската азбука.

2. Ламба „Цикада“, Vadim Maltsev Design

Дизајнерот Вадим Маљцев не се занимава само со уредување ентериери, ами и со осмислување мебел и додатоци. Колекцијата ламби Cicada од кристал, стакло и метал во ограничен број примероци се апсолутен новитет за овој дизајнер. Пример за тоа е успешниот спој на арт нуово со... естетиката на компјутерските игри, нежните кристални крилја на чучулигата се врзани за сведено метално куќиште во духот на графиката на сајбер-просторот. Впечатокот е многу посилен кога ќе се запали светлото.

3. Чаша „Очи“, Moroz Ceramics

Московската керамичарка Катја Мороз прави оригинална биопозитивна керамика. Додатоците и садовите се инспирирани од човековото тело. Секоја работа е уникат, целосна рачна изработка. Уметницата не сака да се повторува. Чашата „Очи“ (керамика со подглазурно декорирање) слободно може да се земе како своевиден манифест на нејзиниот стил. Мошне е згодна за држење во рака, а десетината сини очи љубезно ќе ве набљудуваат, ќе ви намигнуваат и ќе ви се насмевнуваат.

4. Марама „Чудно Чудо“, Sirinbird®

Свилените марами Sirinbird® се декорирани со мостри од мотивите од руските сказни, традиционални орнаменти, народни облици и културни кодови од различни делови на земјата. Така марамата „Чудно чудо“ успеа да го интерпретира таканаречениот пермски животински стил. Приказните за ѕверови со ритуални карактери, уште од паганските времиња се користење во декорирањето кај племињата на пермската земја. Во секоја своја работа дизајнерката Ирина Баткова внесува смисла, па така оваа марама не е само варијација на тема древни верувања, ами истовремено и желба да се случуваат чуда во животот на секој од нас.

5. Ранец RC&Infante, Radical Chic

Овој ранец настана како плод на соработката на познатиот бренд Radical Chic со современата сликарка Дарја Коновалова Инфанте. Сместен е во капсуларната колекција на RC&Infante, инспирирана од познатата серија на графички дела на Дарја „Тајниот живот на стварите“. Предметите фрлаат сенки во кои се открива нивната суштина на нов и поинаков начин, често претворајќи се во сосема неочекувани слики.

6. Сад „еклерница“, Елена Рибалкина

Дизајнерката осмислува интересни и воедно практични предмети од ентериерот. Има серија садови инспирирана од дафаиновиот лист. Доколку подобро погледнете, ќе се уверите дека овие садови со својот облик навистина потсетуваат на дафинов лист. Водечкиот предмет во колекцијата е сад кој не мора да се користи само за слатки. Може да послужи и за сервирање суши, за канапиња и за други мезиња. Моделот го има во бела и во црна боја.

7. Прекривка „Песна“, Galka

Ознаката на овој бренд ја носат оригинални и поетични предмети за домот. Многу од нив се направени рачно и во еден примерок. Дизајнерите сметаат дека домот е местото на моќта, и дека во него треба да се внесуваат смислени ствари кои споменатата моќ ќе ја зголеми повеќекратно. Прекривката спаѓа токму во таа магична серија. На неа се наоѓа принт во манирот на крстозбор, а зборовите намерно се испаднати, па можете да си играте во слободно време.

8. Детски играчки, РашнДеревяшн

Како и многу стартапови, проектот на браќата Марини никнал од семејната приказна. Првите дрвени играчки за деца, инспирирани од руските сказни, ги имаат направено за своите деца, а потоа започнале и производство. Играчките и понатаму се изработуваат рачно. Се користи бреза и природни масла. Секое руско дете добро ги знае јунаците. Тоа се, секако, пред сѐ Баба Јага и Кошчеј Бесмртниот, како и нивните сопатници мечката, волкот, лисицата, зајакот и други

9. Куќичка за птици, Dydykin Studio

Работата на Сибирскиот центар за дизајн и на Игор Дидикин веќе е наградена со бројни меѓународни признанија, меѓу кои и IF Design Award. Дрвената куќичка за птици потсетува на дупка што треба да ги привлече птиците. Компактна е и ергономски е обликувана, може лесно да се стави меѓу гранки, а да не ги скрши. Заоблената форма спречува да се задржуваат дождот и снегот. Освен тоа, лесно се расклопува и се мие.

10. Лампион за елка „Гогољ“, RES Objects

Керамичкото ателје RES Objects нуди ироничен поглед на традицијата за украси за елка. Зашто наместо птицата Зимовка или космонаут на нив би се нашле класиците на руската литература? Лампионот „Гогољ“ е дел од серијата „Писатели“ во која друштво му прават познатите книжевници како што се Чехов, Толстој, Пушкин, и секако Достоевски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња