Санктпетербуршкото ателје на Ана и Олег Баринови ја негува традицијата на руската уметност на резба во камен. Во оваа уметничка работилница се изработуваат накит и ситна пластика и разни аксесоари, на пример за поставување на маса. Посебен жанр претставуваат фигурите на животни, птици, инсекти, настанати во најдобрата традиција на делата на Фаберже. Ателјето соработува со врвни скулптори и каменоресци во одделни жанрови.
За изработка на оригиналниот часовник за на маса „Пантер“ беа потребни две години. Куќиштето на часовникот обложено со 40 дијаманти со елементи од злато е изработено од редок бел нефрит, а грациозно извиеното тело на пантерот од црн. Филигранската техника на обработка на одделни елементи ги вклучува и најмалите детали, како што се, на пример, зениците на дивата мачка направени од фасетирани црни дијаманти.
Ателјето „Багуљник“ од Санкт Петербург е чедо на еден од најистакнатите современи руски скулптори кои работат со камен - Сергеј Фалкин. Ателјето е надалеку познато по класичните букети цвеќе кои тешко се разликуваат од вистински, иако се направени од камен, камени мозаици во фирентински стил, како и мали скулптури кои наликуваат на фигурини на луѓе од народот по кои претпријатието „Фаберже“ своевремено стана познато на Запад.
Мајсторски изработениот аксесоар го направи, меѓу другото, ова ателје престижно. Кутивчето за накит „Бизон“ спаѓа во серијата работи изрежани во камен. Главата е направена од опсидијан, а роговите од карнеол, полускапоцен камен „изгрејсонце“, како што го нарекуваат и поради неговиот карактеристичен колорит. На местото на очите се вметнати семки од гранат. Капакот на преклоп школка е изработен од легура на неколку метали со рачно гравиран бизон.
Друг петербуршки ликовен уметник познат по своите минијатури врежани во камен. Со години соработува со водечките каменорезачки претпријатија создавајќи авторски минијатури, како и најразновидни аксесоари. Синоними за делата на Владимир се сага, приказна, сложено дејство.
Три чашки изработени од горски кристал формираат композиција на која е прикажан рибник со жаби и гуштери кои ловат инсекти. Затворениот екосистем врежан во камен е авторска метафора на самиот живот.
За Анањев знаат сите руски скулптори кои работат со камен. Тој не е само истакнат уметник, туку и популаризатор на уметноста на резбањето во камен. Антон сака да работи со жад. Кажано со сликарски јазик, уметникот претпочита широки потези на четката карактеристични со остри линии, компактност и добро дефинирана форма.
Рамката за слика е изработена од жад и обложена со сребро. Композицијата е смислена така што сликата се наоѓа во внатрешноста на клештите на рак. Иако класично изведена, оваа креација повеќе потсетува на научнофантастичните филмови.
Прибор за пишување „1812 година“, Ателје на уметнички работи врежани во камен „Свјатогор“
Студия «Святогор»Паралелно со петербуршката школа, традицијата на уметноста на резба во камен сè уште се негува во нејзиниот историски руски центар на Урал. Најпознатата компанија која прави комплексни, ефектни минијатури во техниката на спојување детали од различен камен е ателјето за уметнички дела врежани во камен „Свјатогор“, кое собира бројни врвни професионалци. Работите се изискувачки, тематски и музејски.
На приборот за пишување „1812 година“ работеше голем тим соработници, од кои четворица се занимаваа со резбање на каменот, тројца со брусење, а беа ангажирани и тројца златари. Автор на идејата е уметничкиот раководител на ателјето „Свјатогор“ Григориј Пономарјов. Композицијата е направена од јаспис, калцедон, жад, хризопраза, тигрово око, ахат, лабрадор и магнезит.
За изработка на деталите од метал се користени злато и сребро. Двете фигури (штотуку направени со споменатата техника на детали од разни камења) претставуваат хусар и селанец, благородништвото и селанството, кои со херојски напори ги победија Французите и Наполеон.
Александар Веселовски се занимава со оваа работа веќе дваесет години и е добро познат ширум Русија, како и во странство. Неговите дела се одликуваат со имагинација и оригинални решенија. Омилена комбинација на материјали: нефрит и сребро.
Овој пепелник живо потсетува на дизајнот на Ханс Гигер. Го гледате ли Туѓинецот? Телото на пепелникот е изработено од сребро, а фундаментот е издлабена од нефрит. Колекционерските дела на Веселовски се наоѓаат во бројни приватни збирки.
Најпознатото екатеринбуршко ателје изработува оригинални уметнички дела во камен. Минијатури кои можат да се користат како украс на маса за пишување или декорација на кабинет се програмски по природа и претставуваат среќен спој на мајсторска умешност и оригинални замисли, по кои првенствено е познат Алексеј Антонов, основачот на ателјето.
Џокерот претставува господар на сопствената судбина. Комплексната композиција е изработена од десетина видови камен. Тоа се јаспис, малахит, долерит, родонит, лапис лазули, чароит, флуорит, амазанит, лепидолит, апатит, кахолонг и кристал. Многу од нив потекнуваат токму од Урал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче