Замислете: имате седум години, се будите во студено снежно утро на 31 декември, ги отворате очите и сте... во Советскиот Сојуз. Во аголот стои накитена елка, целата покриена со сребреникави конци, со стаклени украси во вид на мали космонаути, црвени ѕвезди и... Што уште? Да, и пченка! Во кујната се слуша како тропка ножот на даската, бидејќи мама уште од рано наутро ја сечка „главната салата“. На радио Маја Кристалинска ја пее својата позната песна „А снегот паѓа“. За некако да побрзо да ви помине времето до вечер, ги тргате топлите волнени чорапи од радијаторот и одите во дворот каде некој веќе прави нов Снешко.
Нова година, 31 декември 1958. Орел.
Александар Овчиников/Архив Руслана Павлова/Russia in photoТака на децата им изгледаше типичното утро на последниот ден од годината и децата навистина уживаа во целост во безгрижното насладување на секој момент од новогодишниот празник. Возрасните не можеа да го чекаат тоа утро на 31 декември, мораа многу порано да започнат со подготовките. Мораа да организираат сè набрзина, а тоа воопшто не беше едноставо. Имаше работи и ритуали без кои советската Нова година не можеше да се замисли. И секако дека имаше некој шарм, некоја магија во тоа...
Празничен комплет за новогодишната трпеза, Елисеевска продавница, Москва, 1954.
Анатолиј Гаранин/SputnikПред сé, требаше да се мисли на храната за новогодишната трпеза. Почнуваше „ловот“ на нешто специјално, нешто „најдобро“ (секаде имаше недостиг, така што тоа беше токму лов). И тој ќе започнеше неколку недели или дури и неколку месеци пред Нова година. Конзерва паштета, конзервиран ананас или фишек чоколадни бонбони можеа долго да стојат во најоддалечениот агол на фрижидерот и не смееја да се допираат! „Тоа е за Нова година!“ – гласи познатата фраза што се користеше за да ги одврати лакомите да уживаат во празничното благо сé до „часот икс“.
Пазар на елки во пресрет на прославата на Новата 1986 година.
Владимир Федоренко/SputnikВо советско време, многу луѓе имаа вистинска елка дома. Неколку дена пред празникот ја купуваа на пазар или ја сечеа во шума (денес ова второто повеќе не е актуелно).
Китење на елка, 1983.
Александар Грашченков/SputnikЕлката обично ја китеше целото семејство. Повеќето украси се пренесуваа од колено на колено како наследство, а многумина сами ги изработуваа украсите. Тоа се учеше дури и на училиште, на часовите по рачна работа. Многу украси за новогодишната елка беа поврзани со некоја тема - со космосот, земјоделството или нешто друго, во зависност од тоа што беше популарно кај јавноста во тоа време. Така се појавија украси во форма на пченка, јаболко или морков, или новогодишни лампиони со портрети на советските лидери.
Подароци за деца во стоковната куќа „Детски свет“, 1982, Москва.
Виталиј Савелев/SputnikПред Нова Година сите задолжително со децата одеа на новогодишниот саем, во продавницата „Детски свет“ или во трговскиот центар ГУМ на Црвениот плоштад. Дури и ако немаше доволно пари за пазарење, луѓето одеа чисто да го почувствуваат новогодишното расположение, бидејќи сите тие места беа богато украсени.
Новогодишни честитки
Public DomainПодароците беа подготвувани навремено, иако советските граѓани и немаа многу избор (на цена беше дури и тегла домашни краставички или црево колбас). Понекогаш некој им честиташе на своите најблиски само со новогодишна честитка. Класичните советски честитки прикажуваа симпатични животни во шума покриена со снег.
Дедо Мраз, Снегурочка и Снешко Белчо на ученичка новогодишна прослава, 1971.
Владимир Иванов/SputnikСо најголемо нетрпение се чекаше новогодишниот маскенбал со Дедо Мраз и Снегурочка (неговата внука), кој траеше цела новогодишна недела. Централната градска елка стоеше во домот на културата или во театарот, каде возрасните очајнички се обидуваа да купат билети за своите деца („нај-нај“ елка и „гала“ маскенбал се одржуваа во Кремљовскиот дворец).
Новогодишна приредба во детската градинка Бр.1934, Москва, 1973.
Виктор Чернов/SputnikОние на кои тоа немаше да им појде од рака, сепак одеа на маскенбал, но на некој поскромен. Таков маскенбал се организираше во секоја градинка или училиште.
Новогодишна прослава, 1963.
TASSЛуѓето сами си ги шиеја новогодишните костими за маскенбал. Момчињата обично се преправаа во зајаци и мечки, а девојчињата во снегулки, лисици или верверички.
Подготовка на храна за новогодишната ноќ.
Борис Кавашкин/SputnikЦелото тоа утро и цел ден на 31 декември жените ја подготвуваа новогодишната трпеза. Во СССР имаше неколку класични јадења кои вообичаено се подготвуваа за овој празник, и секој се трудеше да подготви нешто од нив, според своите можности. Идеалното новогодишно мени вклучуваше салата „Оливје“ („руска салата“), салата од рак („салата со сурими стапчиња“), „харинга во бунда“ и (во среќни времиња) сендвичи со црвен кавијар.
„Иронија на судбината“
Елдар Рјазанов / Мосфильм, 1975.Додека се подготвуваше трпезата, телевизорот секако беше вклучен. Се прикажуваа советски новогодишни комедии. Тие создаваа празнично расположение, иако сите веќе ги знаеја тие филмови на памет, бидејќи се прикажуваа секоја година. Меѓу нив на прво место е „Иронијата на судбината“ (1975), каде што Евгениј Лукашин, по пијана забава во парна бања (руска „бања“) на новогодишната ноќ заспива под дејство на испиениот алкохол, а потоа навечер, кога веќе е време за дочек, се буди во Ленинград, а не во неговата родна Москва, каде што треба да биде.
Дедо Мраз во снег по парна бања („бања“). Московска област 1985.
Валериј Зуфаров/TASSПо премиерата на овој филм, многу мажи во Советскиот Сојуз почнаа да одат во руската парна бања со своите пријатели на 31 декември, за да се искапат добро пред да влезат во Новата година.
На празнична трпеза, 1971.
Борис Кавашкин/SputnikВечерта целото семејство се собираше на новогодишната трпеза. Новата година во Советскиот Сојуз беше семеен празник, како што е Божиќ на Запад. Беше обичај тој ден да се посетат своите најмили, доколку живееја во друг стан, и да им се честита празникот.
Новогодишно обраќање на претседателот. Пилотот-космонаут на СССР А. Леонов со сопругата. 1 јануари 1986.
Алберт Пушкарјов/TASSНа пет минути до полноќ советската телевизија го прикажуваше обраќањето на шефот на државата до нацијата и секое семејство го гледаше тоа на празничната маса. До 1970 година тоа обраќање беше своевиден извештај за постигнатото во текот на годината, а од Михаил Горбачов до денес претседателот упатува новогодишна честитка до граѓаните.
Љубители на зимско капење на прослава на Нове година, 1967.
TASSПо претседателската честитка, на телевизија се прикажуваше ѕидниот часовник на Спаската кула на московскиот Кремљ и се одбројуваа 12 отчукувања до полноќ, кога настапуваше Новата година. И додека часовникот отчукуваше, сите си замислуваа желба. Некои веруваа дека желбата треба да се напише на парче хартија, потоа тоа да се запали со пламен од свеќа и да се истури пепелта во чаша шампањ и да се испие на екс пред да одѕвони последниот гонг (искрено, многумина не беа поддржувачи на токму таков ритуал, но сите се трудеа во тие 12 секунди да наточат шампањ во сечија чаша - тоа беше важно).
Јосиф Кобзон во новогодишната ТВ-емисија „Сино пламенче“, 1980.
Валентин Мастјуков/TASSПо „официјалниот дел“ започнуваше сеопшта веселба. Членовите на семејството вечераа, се дружеа и танцуваа на „Сино пламенче“, првата забавна програма на советската телевизија во која поп-ѕвездите и обичните луѓе разговараа „за сè и сешто“ и си ја честитаа Новата година. Еден од првите гости на таа шоу-програма беше Јуриј Гагарин, човекот кој прв полета во вселената. Инаку, таа шоу-програма сé уште се прикажува, и тоа само на новогодишната ноќ, во спомен на „старите добри“ советски времиња.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче