Тоа е едно од најнемилосрдните и најзлобните суштества на словенската епика. Змејот Горинич кој блуе оган и зборува, пали села и посеви, граба и проголтува несреќници кои ќе му се најдат на патот. Задолжен е и за чување на Калиновиот мост, кој го поврзува светот на живите со светот на мртвите.
Од време на време, чудовиштето со три глави (а може да биде и со дванаесет глави) ги граба ќерките на кнезот со намера да ги одвлече во пустелија каде што не расте трева и птиците не пеат. Таму е неговото прибежиште, планинска пештера, чиј влез е натрупан со коските на бестрашните кои се осмелиле да му се спротивстават. За да го победи Змејот и да ја спаси несреќната девојка, богатирот мора да го погоди право во срцето или да му ги отсече сите глави.
Словените го сметале Горинич за вистинска персонификација на злото: дури ни земјата не сакала да ја впие црната крв што течела од раните на поразеното чудовиште.
Како и змејот Горинич, и митската Жар-птица е поврзана со оган. Но, за разлика од пештерското чудовиште, словенскиот аналог на птицата Феникс на луѓето им носи среќа и богатство, а не болка и смрт.
Гледањето во Жар-птицата може да се спореди со гледањето во сонцето. Таа лета ноќе, осветлувајќи сè наоколу и заслепувајќи ги очите како молња. Ако ја допрете е како да сте ја ставиле раката во оган.
Меѓутоа, ако успеете да ја намамите птицата во златниот кафез со волшебни златни јаболка, постои шанса да дојдете до нејзин пердув. На оној кој го поседува, пердувот му носи среќа до крајот на животот. Освен тоа, додека пее Жар-птицата, од клунот ѝ испаѓаат бисери.
На прв поглед обична симпатична мачка, само малку поголема. Всушност, мачката Бајун е опасен човекојадец. Седејќи на висок столб покрај патот, тој со својот волшебен глас („бајун“ на старословенски „раскажувач“) ги става минувачите во длабок сон, а потоа ги убива со своите железни канџи и ги јаде.
Меѓутоа, дури и такво чудовиште може да биде од полза. Мачката мора да биде фатена и натерана да ви служи - нејзините успивачки приказни лекуваат.
Митскиот Индрик е „таткото на сите животни“, владетел на подземниот свет во кој се движи „како сонцето на небото“. Слично на еднорог, ова фантастично животно мрази змејови кои го доживуваат како страшен непријател.
Уште од дамнина на еднорогот му се припишуваат лековити својства. Според записите од XVII век, царот Алексеј Михајлович се согласил да даде многу куни и крзна за три рога кои наводно му припаѓале на овој ѕвер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче