- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Од 1925 до 1935 година во Москва биле изградени 12 фабрики за леб.
Центар „Зотов“ / Прес служба
Земјата гладуваше по револуцијата и граѓанската војна, па советската влада тежнееше да го оптимизира производството на леб. Беа применувани и најнапредните технологии, на пример, кружни фабрики за леб со прстенест транспортер проектирани од инженерот Георгиј Марсаков. Системот се засноваше на кружна фабричка лента со која процесот на печење леб се автоматизираше, а лебот се движеше во круг во фази, спуштајќи се низ кружниот ланец на транспортери, одозгора надолу. Првиот проект на Марсаков беше реализиран во 1931 година на улицата „Ходинскаја“ во Москва и беше означен со реден број 5. Функционираше сé до почетокот на 2000-тите.
Центар „Зотов“ / Прес службаЦентар „Зотов“ / Прес служба
Ова здание е вистински споменик на советскиот конструктивизам.
Центар „Зотов“ / Прес служба
Цилиндричната композиција на фабриката е врамена со кули со скалила.
Центар „Зотов“ / Прес служба
Центар „Зотов“ / Прес служба
Реставрацијата беше завршена во 2022 година и ја одразуваше не само конструктивистичката архитектура, туку и подоцнежните трансформации на зградата што се случија во процесот на експлоатација и преминот од една историска ера во друга.
Центар „Зотов“ / Прес служба
Центар „Зотов“ / Прес служба
Сега во овој објект ќе биде сместен центар за проучување на конструктивизмот, прв од ваков вид во Русија.
Центар „Зотов“ / Прес служба
Центар „Зотов“ / Прес служба
Центар „Зотов“ / Прес служба
Центарот го доби името „Зотов“ во чест на Василиј Зотов, министер за прехранбена индустрија на СССР, кој пред таа позиција беше едноставен пекар и кој ја организираше масовната изградба на фабрики за леб во Москва.
Центар „Зотов“ / Прес служба