Санкт Петербург во графиката на XVIII век

Михаил Махаев. Големиот дворец во Ораниенбаум. Втора половина на 1750-тите.

Михаил Махаев. Големиот дворец во Ораниенбаум. Втора половина на 1750-тите.

Руски музеј
Еве како Санкт Петербург изгледаше пред неколку стотици години.

Основан во 1703 година од Петар Велики, Санкт Петербург отсекогаш бил еден од најважните градови во Русија и извесно време и нејзина политичка престолнина, а во моментов ја носи неофицијалната титула „културна престолнина“ на земјата. Благодарение на делата на рускиот цртач и гравер Михаил Махаев (1718-1770), имаме можност да видиме како изгледал градот пред неколку векови.

Карта на Санкт Петербург 1753. Михаил Махаев

Графичките работи на Махаев не само што даваат можност да се види архитектурата на градот, туку го претставуваат и во перспектива на „разгледница“, што во времето кога овој уметник творел било многу иновативно и го доловувало ефектот на „лично присуство“.  

Дворецот во Царско село. Михаил Махаев

Цртежите на Махаев не се исклучителни само по нивната прецизност, точност и сликовитост, туку и по тоа што други уметници обилно ги користеле за своите големи гравури.

 

Поглед на Зимскиот дворец и каналот што ги поврзува реките Мојка и Нева. Михаил Махаев

Денес делата на овој уметник се изложени во Рускиот државен музеј, Ермитаж, Пушкиновиот државен музеј на убави уметности, а можат да се видат и во колекцијата на Њујоршкиот Метрополитен.

Поглед на Државниот колегиум и Берзата (Гостиниј двор) – трговските тезги. Михаил Махаев
Поглед на Берзата од страната на Мала Нева. Михаил Махаев

Невски проспект. Михаил Махаев
Михаил Махаев

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња