Во стара црква во Санкт Петербург зад куќиште на лифт пронајден лик на Богородица на златна позадина

kgiop.gov.spb.ru
Во црквата „Св. великомаченица Екатерина“ во манастирот „Смолни“ во Санкт Петербург, зад куќиштето на лифтот се пронајдени лик на Богородица на златна позадина, композиција Ерусалим ноќе и ангели со „откинати нозе“.

Ова се наведува на сајтот на градскиот Комитет за државна контрола, користење и заштита на историските и културни споменици.

Културното богатство е пронајдено за време на реставрацијата на црквата. Во советско време зградата е користена за чување на документи, кога е и направена челичната полица на која е ставана хартија и праќана со лифт. Зад куќиштето на тој лифт е пронајдена ѕидна декорација работена според скиците на Франческо Бартоломео Растрели.

Во старата црква се откриени и фрагменти насликани со масло на малтер со претстави на светите маченици од средината на 18 век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња