Денес тоа е највисоката џамија во Источна Европа. Нејзините минариња се високи 78 метри. Се наоѓа во Москва, во близина на метро станицата „Проспект на Мирот“.
Во времето на Сталин, верските објекти често беа затворани, преуредувани во магацини и простории за разни други намени, или едноставно уништувани. Но, тоа не е случај со соборната џамија. Изградена е во 1904 година со пари дадени од трговецот со ткаенина и крзно Салих Ерзин и никогаш не била затворана. Советскиот Сојуз тежнееше да воспостави добри односи со муслиманскиот свет, па во оваа џамија често беа носени раководители на разни земји од Блискиот Исток.
Сегашната џамија не е реконструкција на старата џамија која стоеше на тоа место. Станува збор за комплетно нов објект изграден 2015 година. Во нејзините темели се вградени 131 шипка арматура бидејќи под неа тече подземната река Напруднаја, а во близина минува линијата на метрото.
Има приземје и пет ката. За молитви се предвидени три нивоа. Џамијата има голема и мала молитвена сала (малата е копија на просторот на старото здание на Соборната џамија која постоела овде до 2011 година).
Околу салата се направени балкони за да се сместат што повеќе луѓе. Џамијата може да прими 10000 верници. Декоративниот мермер е донесен од Канада (тој тип е најотпорен на студена клима), а главниот кристален лустер тежок 1,5 тони и резбаната влезна врата се подарок од турската влада.
Оваа џамија со право го носи своето име. „Гордоста на муслиманите“ е една од најубавите џамии на Русија. Ја красат бел мермер, големи количини злато и рачно насликани ѕидови.
Изградена е 2019 година во градот Шали, 30 километри од Грозни, главниот град на Чеченија. Името го добила во чест на пророкот Мухамед (полно име: Џамија „Гордоста на муслиманите“ посветена на пророкот Мухамед). Во моментов тоа е најголемата џамија во Европа - може да прими 30000 луѓе внатре и уште 70000 на просторот околу џамијата.
Во архитектонска смисла, тоа е спој на персискиот, средноазискиот и византискиот стил. Однадвор е украсена со мермер бел како снег од островот Тасос, познат по отсјајот што го создава и по тоа што одржува пријатна температура за време на големи горештини. Многу украси на ентериерот се рачна изработка. Такви се, на пример, златните орнаменти под куполата и композициите од мермер во боја.
Главен украс на џамијата е лустерот тежок речиси три тони, направен по специјална нарачка во Турција, и 395 светилки украсени со злато и камења „Сваровски“.
Некогаш ова беше главната џамија на Руската империја и најголемата во Европа. Денес, таа е позната првенствено како единствената џамија изградена на речен остров, а исто така и како џамија која е тесно поврзана со гробницата на Тамерлан во Самарканд.
Куполата на Санктпетербуршката соборна џамија е прилично верна копија на куполата на гробницата во Самарканд. Оттука потекнуваат и деталите на украсите. Сликарот Л. Максимов специјално патувал во Самарканд за да направи копии на орнаментите од џамиите Шах-и-Зинде и Гур-Емир.
Изградбата на џамијата започнала во 1910 година. Се нарекува уште и Сина џамија бидејќи нејзиниот влез, куполата и минарињата се украсени со сина керамика.
Приземјето и два ката можат да примат 5000 луѓе. Вториот кат е под куполата и до него водат широки мермерни скали. Во петок и на празници тоа е уште едно место за молење на мажите, веднаш до приземјето.
Изградена е на местото на старата џамија, која била урната во 1552 година од трупите на царот Иван Грозни за време на јуришот на Казан, главниот град на Казанскиот канат. И старата и новата џамија се именувани по Кул Шариф, последниот имам и еден од најугледните луѓе меѓу Татарите (тој бил сеид, што е почесна титула за потомците на пророкот Мухамед). Тогаш загинале сите, а со нив и Кул Шариф, а градот изгорел.
Не е познато како изгледала првата џамија „Кул Шариф“. Нејзината модерна верзија е самостоен проект. Изградена е во 2005 година по повод илјадагодишнината на Казан. Денес тоа е главната соборна џамија на руската република Татарстан.
„Кул Шариф“ може да прими 5000 луѓе. Главната купола е со дијаметар од 17 метри, а внатрешноста е украсена по примерот на познатата „Казанска шапка“, една од инсигниите на руските цареви.
Џамијата е обложена со гранит и мермер од Урал, кристалниот лустер тежок речиси 2 тона е направен во Чешка, а теписите се подарок од Иран.
Во внатрешните украси има и многу рачно изработени елементи. На пример, мозаикот и украсите од гипс се направени според технологии од XVI век.
Оваа џамија се наоѓа во центарот на Грозни и е направена по примерот на Сината џамија во Истанбул. Беше отворен есента 2008 година и именувана според прв претседател на Чеченија, Ахмат Хаџи Кадиров.
„Срцето на Чеченија“ одвнатре е обложена со бел мермер од турскиот остров Мармара и украсена со традиционални чеченски шари „бустам“ (насликани од турски мајстори) и текстови од Куранот со првокласна позлата.
Има 36 лустери со кристали „Сваровски“ и чеченски орнамент. Сите лустери се копии на муслимански светилишта - 27 имаат облик на џамијата „Куполата на карпата“ во Ерусалим, 8 лустери личат на џамијата „Ровзат-Небеви“ во Медина, а најголемиот лустер има облик на Кабата во Мека.
За оваа колекција лустери се потрошени неколку тони бронза, 2,5 килограми злато и има преку еден милион делови!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче