Во втората половина на XVI век голем број Руси се доселилe во Сибир. По преминувањето на „Каменот“ (Уралските планини), царската војска и козачките одреди почнале полека, но сигурно да се пробиваат кон исток.
По патот тие основале помали утврдувања кои подоцна прераснале во големи градови (како Иркутск и Јакутск). Оттогаш поминаа повеќе од четири века, но овој бескраен простор ни денес не е доволно населен и урбанизиран.
За време на Руската империја, Сибир ѝ служел на врховната власт како место за прогон на политичките противници, учесниците во буните и востанијата и разноразни револуционери и анархисти. Таа практика се задржа и во Советскиот Сојуз сé до почетокот на 1960-тите.
Денес Сибир е ризницата на Русија. Во него се чуваат резерви на разновидни руди, меѓу кои олово, платина, тресет, јаглен, бакар, гас, сребро и, се разбира, „црното злато“, т.е. нафта.
Николај Каразин. „Сибирски Козаци ги истражуваат новите земји“, 1891.
Аполинариј Васнецов. „Самрак“, 1889.
Василиј Суриков. „Ермак Тимофеевич го освојува Сибир“, 1895.
Клавдиј Лебедев. „Русите освојуваат нови земји“, 1904.
Константин Коровин. „Тајга на Бајкалот“, 1900.
Василиј Верешчагин. „Натпис на камен на реката Чусовој“, 1877.
Сергеј Милорадович. „Авакум во Сибир“, 1898.
Григориј Чорос-Гуркин. „Номади во планините на Алтај“, во текот на 1920-тите.
Николај Сверчков. „По Големиот Сибирски пат (во прогонство)“, 1883.
Николај Иванович Чевалков. „Чекајќи го скелето на Телецко езеро“, 1926.
Андреј Мартинов. „Реката Селенга во Сибир“, 1817.
Леополд Немировски. Езеро Бајкал. „Карпата Мала Камбана во Песковитиот залив“. Во текот на 1840-1850-тите.
Григориј Чорос-Гуркин. „Езерото Каракол“, 1916.
Григориј Чорос-Гуркин. „Езерото на планинските духови (Дени-Дер)“, 1910.
Аполинариј Васнецов. „Сибир“, 1894.
Викентиј Трофимов. „Реката Иртиш“, 1928.
Григориј Чорос-Гуркин. Канот Алтај, 1912.
Андреј Мартинов. „Никољскиот манастир на езерото Бајкал“, 1806.
Леополд Немировски. „Преноќиште во шума на Охотскиот пат“, 1856.
Григориј Чорос-Гуркин. „Околината на Улала“, 1900.
Василиј Суриков. „Стар Краснојарск“, 1914.
Дмитриј Каратанов. „Пејзаж“, 1930.
Михаил Омбиш-Кузнецов. „Сибирски нафташи“, 1980.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче