Поради „допинг скандалот“ во 2015 година, на руските спортисти им е забрането на Олимпијадата во Токио да настапуваат како руски тим, да ја пеат руската химна и да го носат руското државно знаме. Наместо тоа, руските спортисти настапуваат како тим на Рускиот олимписки комитет.
Сергеј Бобилев / TASS
Гледачите на Летната олимпијада во Токио можеа да ја забележат необичната музика што се слуша додека освојувачите на олимпиското злато од Русија се искачуваат на пиедесталот. Тоа е Концертот бр. 1 за пијано и оркестар во б-мол што 1874-1875 година го компонираше Петар Илич Чајковски, веројатно еден од најпознатите светски признатите руски композитори. Концертот првпат беше изведен во Бостон 1875 година, а изведувач беше Ханс фон Билов со оркестар под диригентската палка на Бенџамин Џонсон Ланг.
Фрагментот и адаптацијата на мелодијата што се користи на Олимпијадата ги подготви најпознатиот современ руски пијанист Денис Мацуев.
Оваа мелодија е официјално одобрена од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), иако Олимпискиот комитет на Русија предлагаше друга мелодија. Првичниот предлог беше советската „Катјуша“, патриотска песна што стана позната за време на Втората светска војна и неофицијално се третира како химна на Големата патриотска војна.
МОК не ја одобри таа мелодија, сметајќи дека таа премногу потсетува на Русија и затоа Рускиот олимписки комитет како понеутрална варијанта го предложи Чајковски, кому во 2020 година беше одбележана во 180-годишнината од раѓањето.
Ова не е прв меѓународен натпревар во кој се користи оваа музика. Руските спортисти веќе втора година по ред настапуваат под неутрално знаме. Концертот за пијано бр. 1 веќе се користеше на церемониите за доделување медали на светските првенства во брзо лизгање, ритмичка гимнастика и хокеј.