Во цел свет ја знаат руската „Калинка-малинка“, а на интернет е популарен начинот на кој таа песна ја изведуваат фудбалските навивачи од Исланд. Спотот е снимен во пресрет на Светското првенство во Русија 2018.
Според популарноста со песната „Калинка“ може да се спореди само советскиот хит од воените години „Катјуша“ – песна за девојката која чека да ѝ се врати саканиот, „војник од далечната граница“ и му праќа поздрав со својата „моминска песна“. „Катјуша“ во 1938 година ја компонираше Матвеј Блатнер а зборовите ги напиша поетот Михаил Исаковски.
Едноставното дејствие на песната, а пред сѐ мотивот ѝ донесоа огромна популарност и фактички таа стана неформална химна на Русија, а ја пеат и старо и младо.
„Катјуша“ ја изведуваат солистките на познатиот хор „Александров“ Валерија Курнушкина и пејачот на забавна музика Александар Маршал:
А еве како ја пеат навивачите на рускиот фудбалски клуб „Спартак“:
Ова се руските навивачи на Европското првенство во фудбал 2016:
„Катјуша“ е позната и популарна песна и надвор од границите на Русија и ја пеат луѓето ширум целиот свет. Инаку, статијата на „Википедија“ за оваа песна е достапна на 40 јазици.
Песната особено ја сакаат Србите. И тоа не поминува незабележано кај Русите! Им допира во срце! Еве како Србите ја испеаја во 2016 година на натпреварот со украинскиот клуб „Будивељник“ (од 00:00:58 кога навивачите го истакнуваат руското знаме):
На оваа фантастична снимка руски и српски навивачи ја пеат „Катјуша“ на Светското првенство во фудбал 2018, првин во автобус, а потоа на Никољскаја, главната московска улица за средби на навивачите.
Во Ростов на Дон за време на Мундијалот убаво се покажаа Исланѓаните:
И Јапонците ја знаат „Катјуша!
На „Јутјуб“ можат да се видат многу слични снимки на оваа тема. Овде, на пример, пеат Јапонки, а илустрациите се од јапонски цртан филм.
А ова е вистинско изненадување од Кинезите!
Еве како „Катјуша“ ја изведува еден мил италијански детски хор:
„Катјуша“ ја знаат, се разбира, и Германците. Еве ја нивната современа верзија:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче