Во Русија и поранешните републики на СССР и понатаму е обичај да се гледа „Иронија на судбината“, филм од 1976 година, за Нова година.
Тоа е приказна за човек кој по пијанка со пријателите вечерта пред Нова година случајно ќе отпатува во друг град и ќе се најде во туѓ стан кој е неверојатно сличен на неговиот (благодарение на типичната изградба од бетонски панели!). Тука тој открива дека „неговиот“ стан всушност ѝ припаѓа на преубавата Надја. Таа притоа има вереник, а тој вереница, и обајцата минуваат низ егзистенцијална криза... Со сите последици што произлегуваат од тоа.
Холивудската адаптација под работен наслов „За судбината“ ќе ја режира рускиот режисер Марјус Вајсберг. Според него, идејата за снимање на овој римејк потекнува одамна и многу нешта ќе бидат променети во него.
Филмот ќе се снима ова лето во Бостон, а главните улоги ќе ги толкуваат холивудските sвезди Ема Робертс („Ние сме Милеровите“ и „Диво дете“), Томас Ман (серијата „Фарго“), Герет Хедлунд, познат по филмот „Троја“ и Брит Робертсон. Решивме да ве потсетиме како изгледаа хероите од советскиот филм.
Ликот на Надја Шевељова: Барбара Бриљскаја – Ема Робертс
Елдар Рjaзанов/«Мосфиљм», 1976; dominick D (CC BY-SA 2.0)
Ликот на Жења Лукашин: Андреј Мјахков – Томас Ман
Елдар Рjaзанов/«Мосфиљм», 1976; Jim Bennett / Getty Images
Ликот на Иполит: Јуриј Јаковлев – Хари Хедлунд
Елдар Рjaзанов/«Мосфиљм», 1976; Legion Media
Ликот на Гаља: Олга Науменко – Брит Робертсон
Елдар Рjaзанов/«Мосфиљм», 1976; Legion Media