Топ-листа на советски филмови: „Иронија на судбината“

Овој филм би требало да носи знак за предупредување: „Создава зависност!“

„Иронија на судбината“ беше омилената комедија за многу генерации филмофили во Русија и странство. Ништо не ја пренесува новогодишната атмосфера така како филмот на Ељдар Рјазанов, режисерот кој ги даде најдобрите остварувања во жанрот на романтичната комедија во советската кинематографија.  

Симпатичен 36-годишен неженет маж по име Жења Лукашин живее во Третата улица на градителите бр. 25 во Москва. Надја Шевељова, 32-годишна немажена жена, има идентична адреса, но во Ленинград (денешен Санкт Петербург). На новогодишната ноќ Жења оди да се види со група пријатели на нивната традиционална годишна собиранка во бања (руска сауна).

Како и секогаш, после премногу испиена вотка работите не се одвиваат според планот и московскиот хирург место својот другар Павлик случајно ќе се најде во авион за Ленинград. Лукашин е толку пијан што едвај ги држи очите отворени. Меѓутоа, успева да ја промрмори адресата на таксистот и да стигне „дома“. Летва-пијан влегува во станот со помош на својот клуч и веднаш заспива. Русокосата убавица Надја набргу си доаѓа дома и во креветот го затекнува несвесниот непознат. Може навистина да се случи Жења засекогаш да остане во тој кревет! Веројатно тоа ќе бидат 184 најсмешни минути што кога било сте ги гледале!

Филмот можете да го најдете и со македонски превод.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња