Водици е еден од најважните православни празници. Се празнува на 19 јануари ширум цела Русија. Во ова време од годината е мраз-зима. Во рускиот јазик постори дури и израз «крещенские морозы», т.е. „богојавленски мразови“. Но, уште од дамнина било вообичаено во пресрет на празникот луѓето да прават крстообразен отвор во мразот кој се нарекува „јордан“ и ноќта во пресрет на Богојавление и за време на целиот празничен ден да влегуваат три пати во вода преку глава. Овој чин го симболизира крштевањето на Господ Исус Христос. Сето ова изгледа прилично невообичаено, имајќи предвид дека Христос живеел во сосема спротивни климатски услови.
Подготовка на „јордански крст“ во Подмосковје.
Алексеј Даничев / Sputnik
Во центарот на Санкт Петербург.
Алексеј Даничев / Sputnik
Еден по еден: богојавленско капење во Владивосток.
Виталиј Ањков / Sputnik
„Јордан“ во Сибир, на реката Об во Новосибирск.
Александар Кражев / Sputnik
Свештеник го осветува „јорданот“ што го направи службата на Министерството за вонредни состојби.
Виталиј Ањков / Sputnik
Сите се капат во ледената вода, и мажи...
Иљја Питаљов / Sputnik
...и жени. Независно од возраста, било да се во Москва...
Рамиљ Ситдиков / Sputnik
...или во Сибир, како оваа жена од Краснојарск.
Иљја Најмушин / Sputnik
Истото важи и за децата.
Антон Денисов / Sputnik
Дури и Владимир Путин на Богојавление се капе во ледена вода.
Алексеј Дружинин / Sputnik
„Јордански“ отвори се прават и во езерата близу црквите и манастирите, како овој во Карелија.
Иљја Тимин / Sputnik
Или непосредно на територијата на манастирот, како овој на Валдај.
Евенија Новоженина / Sputnik
Специјална места за богојавленско капење се подготвуваат дури и за осудениците во затворите.
Андреј Луковски / Sputnik
И за војниците во армијата.
Виталиј Ањков / Sputnik
Во центарот на Москва исто така се подготвени специјални места за богојавленско капење.
Иљја Питаљов / Sputnik
И во станбените населби на големите градови, како оваа во Новосибирск.
Sputnik
Па дури и во неверојатно живописна недојдија како што е населбата Дивна Гора во Јарославската област.
Владимир Астапкович
А понекаде нема потреба да се прави посебен отвор во мразот: луѓето едноставно ќе се искапат во морето, како на Крим. Свештеникот претходно само ќе ја крсти водата.
Алексеј Малгавко / Sputnik
Жителите на јужниот дел на Краснодарскиот крај се капат под водопад.
Николај Хижњак / Sputnik
Постојат и Свети извори кои не замрзнуваат. И тука луѓето доаѓаат на богојавленско капење.
Александар Крјажев / Sputnik