1. Лара Флин Бојл
Getty Images
Американската глумица Лара Флин Бојл е најпозната по впечатливата улога во серијата „Твин пикс“. Го знам тоа, ќе кажете. Но, што има тука руско, или кое од трите имиња? Лара го добила името во чест на хероината на романот на Борис Пастернак „Доктор Живаго“. Откако е снимен познатиот филм со Омар Шариф во главната улога, името Лара (скратено од Лариса) стана популарно во целиот свет.
Многу девојчиња родени во седумдесеттите години од минатиот век го добиле името Лара, како што се канадско-белгиската пејачка Лара Фабијан, англиската актерка Лара Пулвер, австралиската манекенка Лара Вотингтон и други.
2. Миша Бартон
Getty Images
Миша е скратено машко име од Михаил,а Миша Бартон го знае тоа. Русите се чудат кога ќе дознаат дека таа нема руско потекло. Нејзината мајка сакала да им дава на своите деца „чудни“ имиња. „Мајка ми се вика Ханија, мислам дека тоа е полско. Јас станав Миша. Знам дека е скратено руско име и не ми се допаѓаше кога бев мала. О, сега го сакам своето име зашто е необично“, вели британско-американската актерка.
3. Дмитри Јанг
Getty Images
Жива легенда во бејзболот која се повлече од спортот во 2008 година. Неговиот татко бил американски воен пилот и нема никаква врска со Русија. Јанг никогаш не дознал зошто има руско име.
4. Настасија Кински
Getty Images
Германската глумица го има добиено името во чест на хероината од романот „Идиот“ на Фјодор Достоевски. Нејзиниот татко, познатиот актер Клаус Кински, многу ги сакал делата на рускиот писател. Има глумено многу ликови во претстави според делата на Достоевски, а самиот го има режирано „Злосторство и казна“. Второто име на Настасија е инаку Аглаја, исто така од „Идиот“.
5. Кира Најтли
Getty Images
Нејзиниот татко, исто така британски актер, бил маѓепсан од советската ѕвезда во уметничко лизгање Кира Иванова и во нејзина част му го дал името на своето дете. Но, кога нејзината мајка го регистрирала името случајно направила правописна грешка, па Кира станала Keira.
6. Наташа Бедингфилд
Getty Images
Наташа е веројатно најчестото руско женско име што се среќава надвор од Русија. Во интервју за руските медиуми британската поп-пејачка Наташа Бедингфилд признала дека на нејзината мајка ѝ се допаѓало тоа име. „Тука во Британија имало малку Наташи во тоа време (роден е во 1981 година – заб. ред.), сите девојчиња биле Сара или Џејн“.
Денес Наташа е често име во земјите во кои се зборува на англиски јазик. Дури и поранешниот американски претседател на една од своите ќерки ѝ го дал името Наташа (иако ја вика Саша) во чест на Наталија Гончарова, жената на Пушкин.
7. Борис Коџо
Getty Images
Австрискиот глумец со потекло од Гана нема врска со Русија. Како што вели тој, името го добил во чест на Пастернак. „Борис е од Борис Пастернак, која го има напишано 'Доктор Живаго', а тоа беше омилен филм на моите родители“.
8. Нина Настасија
Getty Images
Американската кантри-пејачка има руско име и презиме. Но, таа верува дека тоа се италијански имиња. Да, има дадено една таква изјава: „Кога отпатував во Русија сите мислеа дека сум Русинка. А, јас бев само туристка. Името ми е италијанско, но во Италија не мислат така“.