Ова го изјави референтот на Главната воено-политичка управа на Вооружените сили на РФ, Херој на Русија Рустам Клупов, пренесува новинската агенција ТАСС.
„За Сирија се снимени неколку играни филмови... Споменатото остварување се осврнува на сите аспекти на активноста на руската војска во Сирија, како на миротворната, така и на хуманитарната, како и на активностите на западните земји. Сето тоа ветува многу интересно остварување. Верувам дека ќе снимиме одличен филм. Притоа мислам на игран филм кој веќе догодина треба да се појави на репертоарот на домашните кина“, објасни Клупов.
Моментално се работи на сценариото. Во блиска иднина неколку филмови, документарни, играно-документарни и играни пристигнуваат на репертоарот на домашните кина. Тоа се филмови со тематика од војната во Сирија, Втората светска војна и седумдесет и петтата годишнина од победата над фашизмот и силите на Оската, подвигот на руските војници на бојното поле, објасни Клупов.
Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу изјави оваа пролет дека Министерството за одбрана планира да отвори филмско студио за производство на играни филмови за современата руска војска. Тој потенцираше дека сега се снимаат многу добри филмови за Втората светска војна, но се пожали и на недостатокот од вредни филмови за современата руска војска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче