Во текот на август, над 60 улични уметници од Русија, САД, Канада, Италија, Аргентина, Кина и многу други земји ги насликаа фасадите на станбените згради во Московската област (реонот Одинцово) во рамките на рускиот урбан фестивал на улична уметност „Урбана морфогенеза“ (Urban Morphogenesis).
Moskva Agency
Moskva Agency
Овие обични 20-катни бетонски згради, кои се наоѓаат на околу 19 километри од Црвениот плоштад, станаа „сликарски платна“ за големиот експеримент. Уметниците добија дозвола да ги насликаат сите фасади (над 35000 квадратни метри!) под само еден услов: муралот да биде завршен за еден месец. Претходно, сличен експеримент беше реализиран во полскиот град Лоѓ.
Moskva Agency
А еден од овие монументални мурали е најголемиот мурал на славниот руски космонаут Јуриј Гагарин, насликан од италијанскиот уметник Јорит Агох од Неапол.
Moskva Agency
Погледнете уште некои од најимпресивните дела:
Moskva Agency
Moskva Agency
Moskva Agency
Moskva Agency
Moskva Agency
Moskva Agency