„Чудната серија за Романови што ја сними „Нетфликс“ очигледно е направена специјално за оние кои ништо не знаат за Русија“, пишува авторот на статијата Вив Гроскоп.
Серијата „Чернобил“ според нејзините видувања добила висока оцена во Русија и многумина гледачи забележаа како екипата на НВО била внимателна спрема деталите. Згора на тоа, Вив смета дека „Чернобил“ им помогнал на Русија и на Западот да направат чекор едни кон други, додека „Последните цареви“ повторно „налева алкохол на раната од шише на кое и зборот вотка е погрешно напишан“.
„Русите не можат да не го забележат Мавзолејот на Ленин на Црвениот плоштад 1905 година (се појави дури 1924-та) се смеат на глас“, пишува „Гардијан“.
Според мислењето на авторот на „Гардијан“, „Последните цареви“ повеќе личат на надреалистички статии од Википедија. Од една страна тоа е одличната работа на снимателите и костимографите, а од друга тука е неочекуваното појавување на историчарите кои ја претворија серијата во „документарец снимен од Салвадор Дали“.
„Во добата на лажни вести, теории на заговор и луѓе кои сакаат да ги скараат големите држави, најлогичниот заклучок е дека серијата „Последните цареви“ ја финансирале луѓе кои ги третираат западните гледачи како тотални идиоти. И не ги потрошиле парите бадијала“, заклучува британското издание.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче