Како се прикажани Русите во новите западни телевизиски серии?

BBC America, 2018
Милијардери, платени убијци, шпиони, па дури и (наводни) потомци на руското царско семејство - одберете што ви се допаѓа повеќе.

„Американци” (Americans)

„Американци” е една од најуспешните телевизиски серии денес. Зборува за американски брачен пар кои се всушност агенти на КГБ. Серијата се прикажува веќе шест години, а на гледачите никогаш не им е доста.

Елизабет и Филип Џенингс се претвараат дека се обично семејство со две деца кое води просечен живот во Америка на почетокот на 80-те години. Но, тие всушност ловат советски имигранти, ги крадат најголемите американски државни тајни, спречуваат примена на биолошко оружје во својата земја, па дури и учествуваат во високата политика и го менуваат текот на историјата.

Работат во ризично опкружување и секогаш се во опасност да бидат откриени, затоа што нивниот сосед е агент на ФБИ чија задача е откривање на советските агенти во САД.

„Американци” најавуваат дека оваа година ќе биде емитувана последната сезона на серијата, во која ќе се откријат сите тајни.

„Убивајќи ја Ив” (Killing Eve)

Главна хероина на британската серија „Да се убие Ив“ е веројатно најинтересниот руски лик кој се појави оваа година. Виланел, т.е. Оксана Астанкова, е многу ефикасен и опасен платен убиец, но има некои ментални проблеми и е опседната со бруталност.

Таа дознава дека агентот на МИ5 Ив Поластри води тим кој е решен да ја пронајде. Кога Астанкова ќе добие можност да ја убие Ив, таа решава попрво да започне игра на мачка и глушец, затоа што тоа е многу позабавно.

„Романови” (The Romanoffs)

Малку се знае за новата најавена серија „Романови”, но едно е сигурно: во неа ќе има голем број руски ликови.

Авторите на серијата ветуваат дека ќе се појават многу необични личности кои ги поврзува уверувањето дека тие се потомци на руското царско семејство Романови, кое е трагично убиено 1918 година од страна на револуционерите.

Емитувањето на првата епизода е најавено за 12 октомври оваа година.

„Милијарди” (Billions)

На крајот на третата сезона на популарната телевизиска серија „Милијарди”, финансискиот гениј Роберт „Боби” Акселрод продолжува да го зголемува своето богатство и ужива во  луксузниот живот со големи имоти, скапи автомобили и приватни авиони.

Како и претходно, секој потег на Акселрод го следи и анализира американскиот обвинител Чарлс „Чак” Роудс. Тој е сигурен дека Боби е измамник и затоа е решен да го испрати во затвор.

Меѓутоа, нивниот судир го ремети појавувањето на нова личност – рускиот милијардер Григор Андолов, кого го игра Џон Малкович. Нему криминалните методи не му се туѓи и претставува реална опасност за бизнисот на Акселрод.

Прочитајте повеќе за Раде Шербеџија и другите „холивудски Руси“: Девет странски глумци познати по руските улоги

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња