Русија од паралелниот универзум: Антиутописка визија на руските 90-ти

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новиот фотографски проект во Русија од 90-те вткајува бајковити антиутописки предели.

Авторот на „Русија 2077”, серија фотографии кои прикажуваат надреална иднина на Русија, го најави својот нов бизарен проект „Карбонград 1999”. Овој пат Евгениј Зубков исфантазира антиутописка Русија од паралелниот универзум на минатото.

„Најпрвин сакав да продолжелам со серијата фотографии „Русија 2077“, но тогаш решив да го преосмислам целиот концепт“, вели тој. Евгениј создаде нов универзум и се надева дека неговата идеја ќе еволуира во книга или дури во филм.

Зубков објави само неколку слики за да го скокотне вниманието на публиката и не кажа кога ќе биде завршен проектот. Значи дека неговите фанови ќе мораат да се стрпат.

Прочитајте повеќе: Сака да создаде чудо: Како сибирска сликарка комбинира фотографија и сликарство