За дигитален цртеж не се потребни бои и платно

Ви прикажуваме мал избор од колекцијата дигитални цртежи на 19-годишниот Артјом Артјаков, познат и како Sylar113.

Спротивно од мислењата, дигиталниот цртеж не е манипулација на постоечки слики и фотографии. На компјутерот можете да сликате и и да создадете оригинално уметничко дело. Популарните Giclee се создадени со скенирање на уметнички дела кои изворно се направени на друг медиум. Меѓутоа, тие не можат да бидат пример за дигитален цртеж, бидејќи дигиталната датотека не е оригинален медиум. Дигиталното цртање и сликање станува сѐ попопуларно откако падна цената на потребните уреди.

Дигиталните блокови за цртање, попознати како графички таблети, некогаш беа луксуз кој уметниците не можеа да си го дозволат. Денес тие се среќаваат кај сите дизајнери, уметници, архитекти, инженери, но и кај оние за кои дигиталното сликање е хоби.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња