Пет најдобри руски филма кои премиерно ќе се прикажат на почетокот од 2019 година

kinopoisk.ru
Во ова време од годината режисерите ги комбинираат делата на Достоевски и филмот „Американски психо“, се прикажуваат најтрагичните моменти на денешнината, но навлегуваат и во една поинаква, многу пострашна стварност.

1. Да се спаси Ленинград (Спасти Ленинград)

Опсадата на Ленинград е можеби еден од најмрачните моменти во колективното сеќавање на рускиот народ. Советските режисери веќе одамна ги имаат пробано своите сили во пренесувањето на големиот екран на приказната која траеше две и пол години. Но, ова ќе биде еден од ретките современи филмови чие дејствие ќе се засновува на вистински трагични настани, и тоа е најинтересното од сè што засега се знае за овој филм.

Една млада вљубена двојка стасува до едно чамче во потрага по излез од опколениот град и во обид да ги спаси неговите жители. Спасувачката мисија, сепак, не е успешна зашто бротчето го зафаќа бура. За сè да биде полошо, нацистите ги бомбардираат остатоците од бродот и преживеаните патници.

Трејлерот потсетува на „Титаник“ на Џејмс Камерон, но стварните околности на едниот и на другиот бродолом доста се разликуваат, така што ова е уште една интрига која е поврзана со овој нов руски филм.

Премиера: 31 јануари 2019 година

2. Последното искушение (Последнее испытание)

Голема недоумица е дали овој филм се засновува на крвавиот терористички напад во Москва 2002 година во театарот Норд-Ост.

Првобитната верзија на сценариото е напишана набргу по споменатиот настан и е инспирирана од трагедијата во која животот го изгубија најмалку 170 лица. Режисерот Алексеј Петрухин изјави дека на почетокот ја замислил оваа приказна како своевидно „оддавање почит“ на американскиот филм „Умри машки“ – требало поранешен полицаец да се најде на вистинско место во вистинско време и да се бори за животот на киднапираните.

Планот бил сменет по премиерата на дебитантскиот филм на Петрухин „Учителката“ („Училка“). Драма во која главната хероина излегува од контрола и го држи сопственото одделение како заложници. Режисерот изјави дека бил толку инспириран од реакцијата на гледачите, што неговите главни јунаци ги уфрлил и во својот нов филм, и во едно ја изменил хронологијата, односно дејствието го пренел во 2019 година.

Сепак, споменатиот историски настан е толку сериозен што оваа приказна едноставно не може да се оддалечи од него и секако кај гледачите ќе предизвика определени асоцијации. Во секој случај, акцијата и затегнатоста се загарантирани.

Премиера: 7 февруари 2019 година

3. Волци и овци (Волки и овцы)

Руската индустрија на анимирани филмови буквално го освои глобалниот пазар откако се појави познатата анимирана серија „Маша и мечокот“ која постојано ги соборува сите рекорди. Токму поради тоа немојте ни случајно да ги пропуштите новите анимирани филмови кои стигнуваат од Русија. Кој знае, можеби овој цртан филм исто толку суптилно ќе го освои светскиот пазар.

Волците и овците дошле да живеат заедно во мир. Но, нивната мирна коегзистенција одеднаш ја загрозуваат двајца мистериозни дојденци – поларната лисица и јагнето.

Премиера: 24 јануари 2019 година

4. Изгрејсонце (Рассвет) и други хорор-филмови

Современиот руски хорор доживува вистинска ренесанса. Во првата половина на 2019 година премиерно ќе бидат прикажани неколку филмови на стравот и ужасот. „Створ“, „Изгрејсонце“, „Дама пик“, „Гости“ – да споменеме само некои од нив. Засега „изгрејсонце“ делува како најперспективен филм, судејќи барем по шокантните и застрашувачки фрагменти, полни со впечатливи и морничави сцени. Дури и ако конкретно овој филм не ги оправда очекувањата на сите заинтересирани (тоа никогаш однапред не може да се знае), секако рускиот хорор стана жанр на кој во иднина треба да се обрне внимание.

Главата хероина страда од ноќни кошмари кои многу потсетуваат на реалноста и станува дел од експеримент кој е организиран за лекување на ваквите пациенти. Заедно со други доброволци таа потонува во заеднички реалистичен кошмар. Но, експериментот не се одвива според планот и сите тие се будат во сосема поинаква реалност каде состојбата е полоша одошто во кој било ноќен кошмар.

Премиера: 31 јануари 2019 година

5. Рускиот зол дух (Русский бес)

Овој филм веќе има добиено награда за најдобра режија на филмскиот фестивал „Кинотавр“ во 2018 година, а во кината ќе се појави во првата половина од 2019 година. Некои филмски критичари го споредуваат ова остварување со делата на Достоевски, но „зачинето“ со бруталност која во себе го содржи „Американски психо“. Ваквата споредба сама по себе е доволна причина да го погледнете овој филм.

Еден млад дизајнер се вљубува во ќерката на еден успешен бизнисмен и започнува свој бизнис, односно отвора ресторан, со цел да стекне углед кај тестот. Но, тој набргу сфаќа дека некој му прави пречки во бизнисот и дека во прашање се доведува дури и неговата глава. Потрагата по анонимниот непријател служи како проверка на човековата природа и ги отвора мрачните страни на човековиот разум.

Премиера: 31 јануари 2019 година

Прочитајте исто така: Пет нови руски филмски хитови за Втората светска војна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња