Руски сказни на македонски јазик за сите љубители на светот на имагинативното

Вечерва во Салонот 19,19 во Скопје во 19 часот и 19 минути ќе биде претставена книгата „Златниот коњ: руски народни сказни“, во издание на книгоиздателството МИ-АН од Скопје. На македонската јавност ѝ се нуди избор од богатата ризница на руските сказни. Изборот и преводот се на Емил Ниами, а за книгата ќе зборуваат Илија Велев, Лорета Георгиевска-Јаковлева и Мишел Павловски. Изборот е направен според традиционалниот опис на руските приказни во голем број руски зборници, хрестоматии, но и според нивната популарност на Интернет.

Во зборникот се вклучени следниве руски народни приказни: Василиса Прекрасна, Репка, Баба рога, Принцот Иван, жар-птицата и сивиот волк, Разбојници, Јовче-будалчето, Гуски-лебеди, Златниот коњ, Морскиот цар и Василиса Премудра, Елена Премудра, Златниот прстен, Оди таму – не знам каде, донеси го – не знам што и Маша и мечокот.

Светот на фантастичното, светот на имагинативното е она по кое денес страдаат децата, кои се лесно се препуштаат на разните цртани и играни серии, видеоигри и слично, кои на детето не му оставаат простор за позитивно мечтаење. Она што е приоритет на оваа збирка е да им го врати оној дел од детството на најмладите читатели за кој и постарите генерации се сеќаваат со позитивност, а со кој освен основните функции, им дава на децата можност за изградба, како прво на естетски вредности, а исто така и започнува да ги гради нивните литературни критериуми кои се мошне важни за нивниот подоцнежен развој и духовна надградба. Сето тоа преку штиво богато илустрирано, прилагодено за возраста за која е наменето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња