Изложба на архивски материјали „Собибор“ во Скопје

По повод 75-годишнината од бунтот во нацистичкиот концентрационен логор Собибор,  Амбасадата на Русија заедно со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ја организираат изложбата „Собибор“.

Предвидени се обраќања на генералниот и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикарио и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин.

Настанот ќе се одржи на 16.10.2018 со почеток во 19:30 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се вели во соопштението на „Фејсбук“ страницата на Амбасадата на Русија во Македонија.

Зошто треба да го гледате новиот руски историски филм „Собибор“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња