За време на Светското првенство во фудбал ова лето московското метро и Музејот на Москва во соработка со туроператорот „Метро-Тур“ ќе им понудат на гостите на рускиот главен град кои дошле да навиваат за своите репрезентации обиколки на метро станиците со водич на англиски јазик.
По маршрутата под назив „Традиционалната архитектура на московското метро и новиот изглед на градскиот превоз“ ќе поминете по најубавите станици на градот и ќе дознаете како се градени и декорирани. Туристите исто така ќе имаат можност да се возат со новите надземни возови по линијата која се вика МЦК (Московски централен прстен) и да го разгледаат градот.
Обиколката на метрото ќе чини 1000 рубли (14 евра). За повеќе информации посетете го веб-сајтот mosburo.com.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче