Рускиот колоратурен сопран Светлана Феодулова на 11 април постави два Гинисови светски рекорди додека го изведуваше Моцартовиот „Рондо” во текот на музичката шоу-програма „Шоу Опера“ во Санкт Петербург. Таа не само што го испеа највисокиот тон што некој човек кога било го испеал, таа исто така успеа да испее 13 тонови во секунда и на тој начин да постави уште еден рекорд.
За Светлана Феодулова ова не се први рекорди. Во 2010 година таа беше официјално прогласена за „највисокиот колоратурен сопран на светот”. Во 2013 година учествуваше во популарната руска телевизиска шоу-програма „Глас“ и така стекна голем број на обожаватели.
Феодулова е родена во Москва 1987 година, студирала соло пеење во Русија и во странство. Неодамна во интервју таа изјави дека тајната на негувањето на нејзиниот неверојатен глас лежи во мерката молчење, исхрана и спиење.
„Ако го почитувате тоа, гласот останува свеж“, објаснува таа. „исто така, потребно е да ја следите својата општа состојба. Треба да се трудите да не се нервирате и во стресни ситуации да ја задржете прибраноста.” Исто така, таа откри дека наскоро ќе отвори своја вокална академија во Санкт Петербург. Следниов месец ќе биде објавен спот за нејзината нова песна – химната на Светското првенство во фудбал 2018 во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче