Четиринаесетгодишна Московјанка триумфираше на „Детска песна на Евровизија“

Thomas Hanses/junioreurovision.t/Global Look Press
Полина Богусевич со нумерата „Крилја“ освои вкупно 188 поени и победи на 15 избор за најдобра детска песна на стариот континент.

На 15 натпревар за Детска песна на Евровизија што заврши во Олимписката палата во Тбилиси во Грузија, во конкуренција на претставници од 16 земји триумфираше четиринаесетгодишната Русинка Полина Богусевич со нумерата „Крилја“, освојувајќи вкупно 188 поени.

Највисоката оцена од 12 бодови ученичката на Академијата за популарна музика на Игор Крутој ја доби од членовите на националните жирија од четири земји - Австралија, Грузија, Македонија и Португалија. Членовите на националните жирија на Полина ѝ доделија вкупно 122 поени, па така таа го зазеде второто место, зад натпреварувачот од Грузија Григол Кипшидзе. Меѓутоа, годинава системот за гласање е променет, така што и гледачите преку интернет можеа во две етапи да влијаат на конечниот исход од натпреварувањето. Откако од публиката доби уште 66 гласа, руската претставничка со вкупно освоени 188 поени стана победничка на Детската песна на Евровизија 2017. 

На социјалните мрежи таа го коментираше својот успех како колективен чин, а во интервјуто изјави дека понатаму се чувствува како во сон, и покрај тоа што всушност малку се прибрала. Додаде и дека во првиот момент не сфатила дека станува збор за конечниот резултат од натпреварувањето на кое освен претставници од 15 земји за најдобра детска песна на Европа се бореше и Изабела од Австралија.  

Победничката на Детската Евровизија призна дека сѐ уште има измешани чувства во овој момент и дека не знае што точно ќе прави во иднина и како ќе изгледа нејзиниот живот. Полина е родена на 4 јули 2003 година во Москва. Учествуваше во првата сезона на телевизиското шоу „Глас“ во тимот на Дима Билан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња