„Темна ноќ“ избрана за песна на векот во Русија

Марк Бернес во филмот „2 војници“.

Марк Бернес во филмот „2 војници“.

Архивска фотографија
Магазинот „Руски репортер“ состави топ-100 на најважните руски песни за периодот од 1917 до 2017 година.

Магазинот „Руски репортер“ состави топ-100 на најважните руски песни за периодот од 1917 до 2017 година.

Со таа цел редакцијата се обрати до музичари, музиколози, критичари, продуценти и одржа гласање.

Во првите десет песни се најдоа „Темна ноќ“ (Темная ночь) на Марк Бернес, „Крвна група“ (Группа крови) и „Сакам промени“ (Хочу перемен) на Виктор Цој, „Ни треба само победа“ (Нам нужна одна победа) од филмот „Белоруската станица“ (Белорусский вокзал) на Булат Окуџава, „Денот на победата“ (День победы) на Лав Лешченко, „Света војна“ (Священная война) во исполнение на Ансамблот „Александров“, „Што е тоа есен“ (Что такое осень) на групата ДДТ, „Градот златен“ (Город золотой) на групата „Аквариум“, „Постои само миг“ (Есть только миг) во исполнение на Олега Анофриев и „Сакам да бидам со тебе“ (Я хочу быть с тобой) на групата „Наутилус Помпилиус“.

На листата се најдоа и „Надеж“ (Надежда) на Ана Герман, „Никогаш нема да те заборавам“ (Я тебя никогда не забуду) во исполнение на Николај Караченцов, незаборавната „Катјуша“ (Катюша), како и песните на групата „Цивилна одбрана“ (Гражданская оборона), Земфира, Владимир Высоцки, бардовите Олег Митјаев и Јуриј Визбор, омилените од детството на Русите „Крилестите лулашки“ (Крылатые качели) и „Прекрасната далечина“ (Прекрасное далеко), пренесува vksrs.com.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња