1996 година Арнолд Шварценегер стигна во Москва на отворањето на ресторана Планет Холивуд”.
Getty ImagesШварценегер призна дека бил изненаден кога ја запознал Русија во нова светлина, додавајќи дека за време на посетата во 1988 година навистина ја засакал оваа земја. Стасал во Москва на врвот на перестројката на Гoрбачов за да ја одигра улогата на советскиот полициски офицер Иван Данко во филмот „Црвено сјаење“. Неговата слика за Русија првобитно е формирана во текот на неговото детство во повоена Австрија, па според оваа земја чувствувал пред сè страв. Но, неговиот став кон Русија и кон Советскиот Сојуз подоцна доживеал „необична еволуција“.
„Татко ми се борел во редовите на германската војска против Русија, бил ранет кај Сталинград... Кога имав пет години се преселивме во Виена и моравме да минеме низ граничен премин кој го контролира Русија, зашто дел од Австрија беше држен под окупација. Тоа беше страшно. Секогаш во нашите глави имавме застрашувачки слики, се прашевме дека ќе нè исфрлат од колата и дека ќе нè испратат во Русија...“
Како турист тој подоцна го посетил Советскиот Сојуз, но сè се изменило дури во 1988 година. Излегло дека Москва за Шварценегер е „незаборавен“ град. „Тоа беше среде зима. Паѓаше снег и сè беше прекрасно. Луѓето на снимањето беа многу вредни. Тоа ми ја покажа Русија во ново светло“, вели актерот.
Руската престолнина повторно го фасцинирала Шварценегер кон средината на деведесеттите години од минатиот век кога дошол на отворањето на ресторанот „Планет Холивуд“. Овој пат тогашниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков му беше водич низ градот. „Во два часот по полноќ минавме низ целиот град. Ми покажа различни цркви и најголемите знаменитости. Тоа беше незаборавно“.
Во далечната 1988 година Шварценегер не очекувал дека во Советскиот Сојуз ќе стекне толкава популарност. Иако перестројката веќе беше во замав, студената војна сè уште висеше во воздухот. Подоцна им раскажа на новинарите дека не можел ни да ги замисли „размерите на својот успех“ во Советскиот Сојуз.
„Додека бев таму ме вчудовиди тоа што многу млади луѓе се собираат пред хотелот на Црвениот плоштад каде престојував“, рече Шварценегер. Советските власти не дозволуваа во кината да се прикажуваат филмовите во кои глуми тој. Но, како што објаснуваше самиот Шварценегер, „еден советски официјален чиновник кој со нас беше постојано ни објасни дека видеокасетите со моите филмови се меѓу најбараните на црниот пазар во Москва и ширум Советскиот Сојуз“.
Шварценегер сигурно бил многу изненаден кога му било понудено да биде градоначалник на Москва за време на посетата на градот на највисоко ниво во 2010 година. Дмитриј Медведев, тогашниот претседател на Русија, му го дал овој предлог. Местото било упразнето откако Медведев реши да го смени долгогодишниот градоначалник Јуриј Лужков (кој своевремено го водеше Шварценегер во обиколка на градот).
„Кога би биле руски државјанин, би можеле да дојдете и да работите за нас“, му рече Медведев на состанокот со Шварценегер. Велат дека Шварценегер не одговорил ништо.
Оваа понуда не беше сосема непримерна, со оглед на тоа дека Шварценегер во таа пригода беше дојден во Русија како политичар, а не како глумец или како бизнисмен. Во тоа време беше гувернер на Калифорнија, но неговиот мандат се ближеше кон крајот.
Во 2010 година, зборувајќи за времето кога се снимал „Црвено сјаење“, Шварценегер рече дека никогаш не ни помислувал дека ќе се врати во Русија како гувернер. Но, кога неговиот мандат заврши, реши да се врати во Холивуд, а не во Москва.
Шварценегер не само што го запозна Медведев, ами претседателот го повози со својот автомобил. Како што тогаш објавија руските медиуми, „дури ни Арнолд Шварценегер не можел да сонува дека ќе има таков возач“.
Медведев го возеше во советската лимузина „Чајка“ која ја користеа само највисоките државници на СССР. Шварценегер бил изненаден од возењето што му го приредил Медведев и подоцна напиша на Твитер: „Господине претседател, вие сте многу добар возач“.
Медведев во советската лимузина го одвезе глумецот-гувернер до школата „Сколково“ која е основана на негова иницијатива по посетата на Силиконската долина претходно истата година. Сакаше на Шварценегер да му го покаже она што требаше да стане руска верзија на Силиконската долина.
Во школата „Сколково“ беше одржан состанок посветен на американско-руската соработка во сферата на високите технологии, но според информациите во медиумите, она што најмногу го интересирало Шварценегер за време на оваа посета бил вештачкиот водопад. „Како сте го направиле ова?“, праша Шварценегер. Му беше одговорено дека постои нова иновативна технологија која овозможува контролирање на текот на водата. „Но, како го направивте“, повторуваше збунетиот гостин на Москва, обидувајќи се да сфати како функционира водопадот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче