„Ф. Достојевски. Ноќ“, од триптихот на Илија Глазунов, 1986
Игор Бојко/Sputnik„Во убавата литература Бог не се појавува многу често, но во овие книги неговата улога е колосална“, пишува Гардијан, и од милион романи прави покуса листа во која влегуваат два руски романи, еден од 19 и еден од 21 век.
Сцена од филмот „Браќа Карамазови“ од 2008.
Kinopoisk„Браќа Карамазови“ веројатно не е толку популарен како „Злосторство и казна“, иако многумина руски критичари сметаат дека се работи за најзамрсениот роман на Достоевски. Писателот го замислил „Браќа Карамазови“ како прва книга од поголемо неостварено дело со работен наслов „Житието на големиот грешник“.
Во центарот на вниманието е најмладиот брат Аљоша. Во извесна смисла можеме да го споредиме со кнезот Мишкин од романот „Идиот“. Додека неговиот постар брат Иван е атеист, монахот Аљоша е опкружен со мистика и е соочен со немири од други видови. „Иван Карамазов му поставува на Аљоша прашање дали сеопштата љубов и хармонијата ја платил со страдањето на единственото дете. Тоа е прашање кое секој верник мора себеси да си го постави и да живее со својот одговор“, пишува Гардијан.
„Лавр“ е поинаква книга, иако во центарот на вниманието е исто така човек божји од 15 век. Тоа е животопис на еден светец од детството до смртта.
Евгениј Водолазкин ги опишува средновековните градови на Русија, како што е Псков и користи многу архаични зборови. „Трогателно, напнато, повремено смешно, големиот успех на овој роман е во тоа што нè води во векот на верата, во векот кога сè било опфатено со Бога и со светите дела“, пишува Гардијан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче