8 руски книги кои ќе ви помогнат да ја најдете смислата на животот

Госкино/Телеканал Росија
Руските писатели се мајстори во разгледувањето на големите прашања на човековото постоење. Значи, ако барате одговори, запознајте се со овие книги. Барем ќе најдете значење во процесот на читање на нив.

Во книгата „Зошто не сте се убиле: Трагање по смислата на животот“,психијатарот Виктор Франкел кој го преживеал Аушвиц тврди дека човек може да преживее при секоја форма на страдање, ако верува во значењето на својот живот. Вие само треба да го најдете тоа значење, дури и ако е само во универзумот.

Ако прочитате некој класичен руски роман сигурно ќе најдете херои кои мислат многу и бараат мисија на Земјата. Многумина сметаат дека е корисно да му служат на некого - на Бог, на општеството или на семејството.

Иван Гончаров. „Обломов“ 1859 година

Актерот Олег Табаков како Обломов во филмот „Обломов” на Никита Михалков основан на романот на Иван Гончаров.

Индиферентност и безделничење се карактеристики кои го дефинираат Обломов, а неговиот живот е апсолутно безначаен. Поминал многу години на каучот, тој стана метафора за мрзеливост. Неговиот антипод, Андреј Штољц, е амбициозен и смислата ја гледа во самоусовршувњето и самореализација. Но, неговото однесување станува механичко и не може да чувствува вистинска љубов. Поради ова, Штољц, во својата потрага по успех и просперитет, исто така, е лишен од основните човечки вредности.

Единствената силна и искрена личност во романот што може да ја сака е Ољга. Таа е жената која успева да го извади Обломов од неговата удобна зона. И на крајот на краиштата тој за љубовта и за неговата визија за животот го вели следново: „Несреќен ангелу! Зошто толку многу се грижи за мене? И зошто толку ме сака? Подобро никогаш да не бевме се сретнале! За сè е виновен Штољц . Тој не зарази со љубов, како можеше да нè зарази со болест. Каков живот е тоа? Само тревоги и емоции! Како тоа може да доведе до мирна среќа и одмор?“

Иван Тургенев. „Татковци и деца“ 1862

„Остарени родители на гробот на својот син”, 1874. Сижето за сликата е најверојатно земен од романот на Тургенев.

Тургенев е првиот кој го прикажува вечниот проблем на татковците и синовите: постарата генерација никогаш нема да ја разбере помладата. Главното прашање, од кое се разликуваат мислењата, е различното гледиште за смислата на животот. Според постарата генерација, љубовта, среќата, уживањето во уметноста и природата се меѓу најважните работи во животот. Синовите го отфрлаат „стариот свет“, ја негираат дури и љубовта и сакаат да се посветат на нешто корисно. Главниот лик е нихилистот Базаров, кој сака да стане лекар. Тој е подготвен да се откаже од љубовта за да не стане роб на страста.

Кога неговата сакана Ана Одинцова го прашува каква иднина гледа за себе и кој е всушност, тој само вели дека е лекар. Намерно не дискутира за поголема цел на животот, бидејќи 'тие апстракции' не се потребни, ... за да се стави парче леб во устата“.

Фјодор Достоевски. Браќа Карамазов, 1880

Актерот Андреј Мјагков како Аљоша во филмот на Иван Пирјев „Браќа Карамазов”.

Овој роман е една од најголемите книги за Бога во руската литература. Всушност, се чини дека целата „потрага по смислата“ започнува со Достоевски. Неговата депресијата во Санкт Петербург го натерала да напише многу за тоа зошто и за што живеат луѓето. (Тој имал многу време во неговото прогонство во Сибир да размислува за овие прашања).

Аљоша (монах) и Иван (атеист) се браќа кои расправаат за Бога и за човекот. Која позиција е поблиска до вас?

„Штом [Аљоша] размислуваше сериозно, тој веруваше во постоењето на Бог и бесмртноста и еднаш инстинктивно си рече: Сакам да живеам за бесмртност и нема да прифатам компромис. И токму на ист начин, ако одлучи дека нема Бог и бесмртност, тој веднаш станува атеист и социјалист“.

Лев Толстој. „Воскресение", 1899

Актерот Евгениј Матвеев како кнезот Нехљудов во филмот „Васкрсение” на Михаил Швејцер, 1960, адаптација на романот на Толстој.

Толстој смета дека овој роман е неговиот најдобар и е лут кога луѓето го фалат само за „Војна и мир“. Писателот размислува за тоа и работи на него повеќе од 10 години.

Една жена е погрешно осудена со прогонство во Сибир. Еден член на поротата, кнезот Нехљудов, ја гледа целата неправда и се обидува да ѝ помогне на жената. Излегува дека ја завел истата жена пред десет години, а потоа ја напуштил и сега сака да го откупи нејзиниот грев.

Тука Толстој формулира една од неговите основни идеи: не се бори против злото со зло.

„И тоа се случи на Нехљудов, како што често се случува на луѓето кои имаат духовен живот. Мислата која отпрвин изгледаше чудна и парадоксална, или дури само шега, се потврдува сè почесто од животно искуство и одеднаш се покажа наједноставната, највистинската. Значи идејата дека единственото сигурно средство за спасение од страшното зло од кое луѓето страдаат, е дека тие секогаш треба да си признаваат дека згрешиле пред Бога и затоа не можат да казнуваат или да ги исправаат другите, бидејќи му биле драги на Него. Му станува јасно дека сето страшно зло на кое бил сведок во зандана, и тивкото самозадоволство на сторителите на ова зло биле последици од обидите на луѓето да направат невозможното – да го поправат злото, бидејќи тие самите се зли“.

Максим Горки. „На дното“, 1902

Актерите на Иван Москвин како Лука и Маргарита Савицка како Ана во „На дното” на Максим Горки во режија на Константин Станиславски и Владимир Немирович-Данченко во Московскиот уметнички театат (МХАТ).

Скитникот Лука пристигнува во засолниште за бездомници и гледа многу и секакви сиромашни со различни животни приказни. Тој ги слуша и се обидува да им помогне. „Мене ми е сеедно. Крадци - немам ништо против нив. Мене да прашате, нема лоши болви; тие сите се црни и сите скокаат“, вели тој.

Само во најголемиот пекол може да се открие неговото вистинско лице. Лука може да биде кој било, но тој верува дека помагањето на сиромашните е највисоката форма на моралност. „Та, нели сите сме човечки суштества. Прави се каков сакаш, обиди се да изгледаш каков сакаш, но ти си таков каков што си се родил и таков ќе умреш. И како што гледам, луѓето се сè позафатени и пооптоварени, но дури и кога работите одат лошо, тие имаат тенденција да бидат подобри“.

Уште еден херој, картаџијата Садин, е антипода на Лука. Додека Лук понекогаш подлегнува, Садин ја брани вистината по секоја цена. Горки подоцна пишува дека сака да праша што е подобро: вистина или сочувство и благородна лага? Што е потребно? 

Андреј Платонов. „Ископ“, 1930 година

Работниците копаат темели за фабрикита за топчести лежишта, 1930-те.

Оваа антиутопија го поддржува песимистичкиот став дека ништо не е важно. Работниците градат куќа за среќна пролетерска иднина. Како машини, тие се одмораат само кога јадат и спијат и изгледа дека немаат чувства.

Платонов го имитира официјалниот советски јазик, а неговите ликови дури и зборуваат така, се чини дека ќе потпишуваат бескорисни документи со преобемен канцелариски речник кој го користат, дури и кога разговараат: „Тука, сепак, останува суштината на создавањето и намерата и целта на секоја директива - мал човек , предодреден да стане универзален елемент. Затоа е важно да го завршиме што е можно поскоро Ископот, па домот да се појави побрзо и децата на вработените да може да бидат заштитени од лоши ветрови и болести со камен ѕид“.

Михаил Булгаков. „Мајсторот и Маргарита“, 1940 година

Михаил Берлиоз, Воланд и Иван Бездомни, од серијата „Мајстор и Маргарита”, 2005 година.

Што ако книгата стане цел на животот? Ако мајстор пишува нешто што навистина му е важно, тоа може да стане прашање на живот и смрт; дури и кога Вашата Маргарита потпишува договор со ѓаволот за да ја остави вашата книга да живее. „Ракописите не изгоруваат“, а ликовите се поживи од духовно мртвите луѓе.

Како резултат вечните сили ја решаваат судбината на Мајсторот, а работата му е наградена со одмор и вечен живот.

„Тој [Јешуа] го прочита напишаното од Мајсторот“, рече Матеј Леви и повела да го земете Мајсторот со себе и да го наградат со мир. Дали ова ќе ти наштети, духу на злото? „Ништо не е тешко за мене“, рече Воланд, „како што знаете добро“. Тој молчи кратко и додава: „Зошто ти сам не го земеш кон светлината? Тој не е заслужил светлина, не заслужил одмор“, тажно рече Леви“.


Венедик Ерофеев. „Москва-Петушки“, 1970 година

Претставата „Москва - Петушки” во театарот „Манекен” во Чељабинск

Во овој суров свет нема простор за главниот лик и неговата душа како чисто новороденче. Критичарите го гледаат Веничка како патувал во електричката (приградски воз) не кон саканата жена и детето, а кон Бога. Тој доживува страдање исто како Исус Христос, и цело време се одразува на животот и смртта.

„Човечкиот живот не e ли моментална опиеност на душата? И помрачување на душата? Сите ние сме како пијани, само што секој по свое: еден пиел повеќе, друг помалку“.

Иако постојат наметнати претстави, овој роман (или поема, како што авторот ја определува) не е за употребата на алкохолот. Нејзината намера е да протестираат против социјалните правила.

Постои еден пасус што е очигледно за Исус Христос: „Не треба да се биде осамен, тоа е мое мислење, мора да се предадеш на луѓето, дури и ако тие не сакаат да го земат, но ако тој е и онака сам, тој мора да поминува низ вагоните на возот, и тој мора да најде луѓе и да им каже: „Погледни. Јас сум осамен, ќе одам до последната капка (затоа што само што ја испив последната капка, ха-ха!), а вие предајте ми се, и откако ќе ми се предадете, кажете каде одиме: од Москва до Петушки или од Петушки до Москва?“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња