Неодоливи руски зимски волнени чизми: Девет занимливи податоци

Култура
СТЕПАН ИВАНОВ
Руските валенки се мошне топли обувки кои имаат и лековити својства.

Овие традиционални зимски чевли долго време беа симбол на Русија, исто како матрјошката или самоварот. Денес, топлите волни чизми се носат не само во селата, туку и во градовите, а руските дизајнери нудат нови модели со вез и украси. Но, дали сте знаеле дека валенките може да се користат и како средство против настинка? Еве 9 интересни факти! 

Валенките потекнуваат од Златната Орда

Историчарите веруваат дека филцот бил измислен од древните номади кои го користеле за да ги покријат своите јурти и за да произведуваат капи. Волнениот филц дошол во Русија за време на Златната Орда (XIII и XIV век). Во зима, тие носеле чизми наречени пимс, кои денес најчесто се познати како кожни чизми меѓу народите на Северот, а кои подоцна стануваат валенки. Денес тие се произведуваат само во Русија и во ЗНД. 

Скапи зимски обувки 

До XVIII век валенките биле рачно изработувани и произведувани само во Сибир и во неколку северни региони каде рачната работа била долга и тешка. Горниот дел бил направен одделно, а потоа се шиел на дното на чевелот. Современиот изглед на валенките се појавува во областа Нижни Новгород во XVIII век. Тие биле скапи, а понекогаш и семејство морало да дели чифт. Дури во 19 век започнало масовното производство на валенките и тие станале најпопуларните зимски чизми во земјата. 

Сите валенки се исти 

Не постои разлика помеѓу левата и десната валенка. Тие се обликуваат како резултат на носење, земајќи ја формата на ногата на сопственикот.
Во Русија, големината на валенките обично се мери со сантиметри, но додадете дополнителни 2-3 сантиметри до вашата големина, бидејќи волната ќе се собере. Валенките можат да се носат 10 години или повеќе, во зависност од степенот на употреба. 

Валенките имаат лековити својства 

Природната овчка волна може да ја апсорбира,а потоа да ја ослободува влагата со тоа што ќе се исуши. На овој начин носењето на валенките помага да се справите со настинки. Волната содржи и ланолин кој ефикасно ја ублажува мускулната и ревматската болка и помага да се излечат раните. Во постарите времиња, постарите граѓани кои живееле на село не ги собувале дури и налето, бидејќи мислеле дека ја подобруваат циркулацијата на крвта. 

Валенки за руската репрезентација 

На церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во Солт Лејк Сити 2002, рускиот тим направи незаборавен круг во валенки и галоши.
Патем, валенките сè уште се носат денес како дел од зимските униформи на оние кои работат во нафтената и гасната индустрија, како и во железничкиот сообраќај.
И, се разбира, не можете да го замислите Дедо Мраз и Снежанка во која било друга чизма! 

Русите се натпреваруваат во фрлање валенки во далечина! 

Во северните региони на Русија редовно се одржуваат првенства во фрлање валенки: Архангељск, Ситивкар и Северодвинск. Русите се натпреваруваат во далечина и прецизност. 

Светски рекорд 

Најголемите валенки во Руската книга на рекорди, високи 168 и долги 110 сантиметри, беа направени во градот Кинешма (Централна Русија). Најмалите валенки некогаш доаѓаат од истиот град, само 6 милиметри во должина.
Музеи посветени на валенките може да се најдат во Москва, Кинешма и Мишкин, кадешто можете да видите различни видови традиционални руски зимски обувки. 

Предвидување на судбината 

Руските зимски обувки се широко користени за предвидување на иднината. На пример, за време на некрстените денови (периодот од православниот Бадник до Богојавление), младите жени имале традиција да фрлаат валенки преку оградата. Во зависност од тоа како се спуштаат од другата страна, една млада жена може да направи претпоставки за идниот брак. Ако прстите укажуваат на куќата, девојката не треба да очекува свадба следната година. Но, ако тие се во спротивна насока, тогаш семејството треба да се подготви за весел празник. Друг обичај е кога се преселувате во нова куќа: валенките мора да се пренесат на новото место, бидејќи се верува дека во него имало самовили. 

Традиционалните бои се секогаш во мода 

Валенките обично се направени од кафеава, црна, сива и бела волна. За да ги направат потрајни, тие мора да бидат покриени со галоши. Современите руски дизајнери прават валенки на гума за да не се лизгаат на мраз и не мора да се бараат во специјална продавница, бидејќи овие едноставни зимски чевли се продаваат речиси насекаде.