Туристи позираат пред фонтаните на Големата Каскада за време на отворањето на летната сезона во музејот-резерват Петерхоф.
Александар Галперин/SputnikДржавниот музеј на Петерхоф во близина на Санкт Петербург стана најпосетениот во Русија во 2017 година со повеќе од 5,3 милиони посетители, соопшти Министерството за култура на Русија. Заменик-раководителот на музејот Роман Ковриков вели дека има 200000 повеќе луѓе отколку минатата година, а 40 отсто од посетителите се странски туристи.
Петерхоф е мал град на 47 километри од Санкт Петербург. Во 18 и 19 век беше летна резиденција на руските цареви и понекогаш се нарекува и „руски Версај“. Палатата и градините заедно со градот се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО.
За каков музеј станува збор, погледнете го нашето видео Рускиот Версај.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче