Споменикот на ханскиот Казањ, кој бил запален во средината на 16 век, е обновен и повторно отворен за верниците по повод одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на древниот град.
Денес е тешко да се замисли целата некогашна величественост на оваа џамија.
Во октомври 1552 година, додека престолнината на Казањското Ханство, лежеше над урнатините, се водеше крвава битка за утврдување (главни стратешки позиции во градот) меѓу војската на Иван Грозни и Татарите. На руската војска и појде од рака да го заземе градот дури тогаш, кога сите бранители на тврдината на чело со бестрашниот Кул-Шариф загинаа.
Кул-Шариф бил сеид, те. потомок на пророкот Мухамед, воин, поет и мислител. Нему му се припишува прочуеното дело „Победата на Казањскиот Вилает“ во кое се опишани случувањата од 1550 година , кога војската на Казањското Ханство извојувала краткотрајна победа врз Русите. Авторот, меѓутоа претчувствува несреќа и напишал дека Казањ „нема од каде да очекува помош ни заштита, освен заштита од богот Тенгри и помош од ангелите“.
Џамијата Кул – Шариф, заедно со црквата Благовестие, претставува симбол на обновената заедница од двете главни религии во Казањ – православие и ислам.
Веќе во летото 1551 година, војската на Иван Грозни повторно го опколи Казањ. Врховниот сеид Кул-Шариф беше приморан да постапи како дипломат и понизно да ги моли војводите за спасување на градот. По тешки преговори, делегатите ги прифатија условите на Москва, вклучувајќи го и барањето од руската војска, да ја предадат својата владетелка Сјујумбике заедно со синот. Меѓутоа преговорите само го одложија нападот на руската војска. По исцрпувачката опсада, Русите во октомври 1552 година преминаа во офанзива и ја пробија одбраната на Казањ. Главната битка се одигра токму пред ѕидините на џамијата на ханската трвдина. Според народните преданија, Кул-Шариф тогаш го предводел одредот на млади дервиши и суфии и ја бранел тврдината се додека при повлекувањето не бил убиен на покривот од медресите.
Џамијата е изгорена до темел. Меѓутоа, постои легенда за тоа дека контурите на дрвената џамија која се губи во пламенот, оставиле многу силен впечаток на освојувачите, па затоа одлучено е сеќавањето на неа да биде овековечено во облик на црквата Василиј Блажени во Москва, која е подигната во чест на освојувањето на Казањ. Од друга страна, пак, летописите бележат дека величествената соборна џамија по обликот потсетува на емирскиот дворец „Казик Јорти“. Околу куполата, која го симболизира единството на ханската власт, во небото беа издигнати осум шилести минариња како спомен на осумте провинции на Волшка Булгарија. Врвовите на минарињата беа украсени со сребрени српови-млада месечина – симбол на моќта на Севишниот.
Постои легенда за тоа дека контурите на дрвената џамија која се губи во пламенот, оставиле многу силен впечаток на освојувачите, па затоа одлучено е сеќавањето на неа да биде овековечено во обликот на црквата Василиј Блажени во Москва, која е подигната во чест на освојувањето на Казањ.
Во средината на 1990 години, одлучено е „како цел на одржувањето на историскиот континуитет“ величествената градба да се обнови како едно од доминантните обележја на Казањската тврдина. Џамијата Кул-Шариф, заедно со црквата Благовестие , претставува симбол на обновена заедница од двете религии во Казањ – православието и исламот, што беше важен аргумент за вклучување на Казањската тврдина во списокот на Светското културно наследство УНЕСКО.
Куполата „Казањска шапка“ хромолитографија, околу 1840. Куполата на џамијата го копира обликот на „Казањската шапка“. Овој филигрански златен венец е обележје на руските царови и казањските ханови. Изграден е во средината на 14 век. Прикажан е на хералдичкиот штит на Казањското Ханство.
Џамијата е довршена и отворена во 2005 година. Тоа е симетрична градба во чија основа лежат два квадрата пресечени под агол од 45 степени, што е познат исламски симбол Бисмиле („во името на Алах“). Конструкцијата на џамијата ја сочинуваат осум прекршени лака кои меѓусебно се сечат. На нивниот врв лежи купола во облик на „Казањска шапка“, те. Ханска круна која денес се наоѓа во вооружената палата на Кремљ во Москва.
Сребрената полумесечин, како и некогаш, блеска на врвот од сите четири главни минариња (на висина од 55 метри), како и на четирите помали минариња. Во овој комплекс, покрај џамијата се наоѓа и Музејот на исламската култура Поволжја и древните ракописи, библиотеката, издавачкиот центар и управата на имамот.
Оригиналниот текст можете да го најдете на: культура.рф.
Насловна фотографија: Илја Цветков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче