Извор: Кирилл Каллиников/РИА Новости.
Меѓу моите познаници има многу глувонеми луѓе. Тие ме канеа да одам во црква, во синагога, во џамија за да ги преведувам богослужбите.
Идејата за организирање на вакви курсеви е на преведувачката со знаковен јазик Џамиља Зенина. „Меѓу моите познаници има многу глувонеми луѓе. Тие ме канеа да одам во црква, во синагога, во џамија за да ги преведувам богослужбите“, - вели Џамиља. Бидејќи таа е муслиманка, решила да организира курсеви по ислам за глувонеми. Проблем беше отсуството на просторија и исламско образование.
Пролетта 2012 година Џамиља се запознала со Јулија Замалетидинова, која дипломирала на Московскиот исламски универзитет и извесно време работела како волонтер во една организација за глувонеми луѓе. Во октомври 2012 година кај нив почнал да доаѓа еден муслиман со нарушен слух и говор за да го изучува исламот и арапскиот јазик. Брзо потоа им се приклучила Ајша Каримова, девојка од семејство на глуви. Таа го знае знаковиот јазик, иако нема никаков проблем ниту со слухот, ниту со јазикот.
Курсевите ги посетуваат десетина млад луѓе. Меѓусебно комуницираа исклучиво со знаков јазик и со СМС.
Курсевите се одржуваат во неделите. На последниот час имаше десетина луѓе. Сите млади. Меѓусебно комуницираа исклучиво со знаков јазик и со СМС. Благодарение на Ајша, кореспондентот на „Московски новости“ доби можност да поразговара со еден од учениците, кој се вика Муса. Тој раскажа дека дошол во Москва од Дагестан за да студира на факултет за физичка култура и за да тренира теквондо. Муса израснал во религиозно семејство, а сите негови роднини имаат нормален слух и говор. Во Москва тој решил да ги посетува курсевите по ислам за глувонеми, за да научи да го чита Коранот.
„За сите наши студенти е најважно да научат арапски, за да можат да го читаат Коранот во оригинал. Да се направи дословен превод на Коранот е невозможно“, - вели Јулија Замалетдинова.
На човек со нарушен слух и говор може нејасно да ги изговора зборовите од Коранот за време на намазот, а на слепиот да чува дома куче-водич.
Според неа, во заедницата односот кон глувонемите луѓе, најмеко речено, не е многу добар. „Дури и некои доктори на науки публикуваат статии за тоа дека во исламот глувонемите луѓе се луѓе од понизок сој, дека ако се родило такво дете, тоа е голема несреќа за семејството. Многумина утврдуваат дека таквиот однос кон нив доаѓа од религијата. Но, тоа не е точно“, - вели Замалетдинова. Според неа, она што е непростливо за еден здрав муслиман, му се простува на инвалидот. На пример, на човек со нарушен слух и говор може нејасно да ги изговора зборовите од Коранот за време на намазот, а на слепиот да чува дома куче-водич.
Меѓу оние што ги посетуваат курсевите има луѓе кои апсолутно ништо не слушаат и не зборуваат. Јулија Замалетдинова и Џамилија Зенина се надеваат дека со текот на времето проповедите во џамиите ќе бидат пропратени со превод на знаковен јазик.
Во православниот храм на Тихвинската икона на Богородица на улицата Восточнаја, служби на знаковен јазик се извршуваат од 1991 година. Настојникот на храмот Андреј Горјачев и свештеникот Валентин Терехов проповедаат на вербален и на невербален начин.
Целосниот текст на руски јазик можете да го најдете на: http://mn.ru/moscow_people/20121219/333327477.html.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче