Ги преживеав желбите

„Савинскаја слобода кај Звенигород“

„Савинскаја слобода кај Звенигород“

Исак Иљич Левитан / Википедија

Ги преживеав желбите свои

Не ги сакам повеќе тие мечти

Останаа само страдањата мои

Во срцето сал празнина ечи.

Во бурата на судбината во пламен

Мојот венец што цутеше еве вене

Живеам јас така тажен и осамен

И чекам: ќе ми дојде ли крајот мене?

Од студенилото доцно поразен така

Се слуша зимскиот виј ко бура ист

Сам на соголената гранка

Трепери непаднатиот лист.

 

1821 г.

 

Препев: Е.Н.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња