ЦРТЕЖИ

„Глава на селанка“, Казимир Малевич

„Глава на селанка“, Казимир Малевич

Википедија

Отидов кај еден пријател да побарам пари на заем. Ни тој не е дома, ни жена му: во дневната ме пречека детенце – уредничко така.

- Почекајте малку: тато – мама сега ќе дојдат.

И за да не ми биде здодевно, момченцето почна да ми покажува цртежи.

- А, што е ова?

- Волк, – му одговарам.

- Така е, волк. Знаете волкот не јаде тревичка, ами овчички…

И така почна да ми ги објаснува сите цртежи, ми се слоши до смрт – преку глава. Ми покажа петел.

- Што е ова? – ме прашува.

- Тоа? Куќа, - му велам.

Ги ококори момчето очите, занеме. Но, се снајде и ми покажа вистинска куќа.

- А, ова што е?

- Е, тоа е брезов венец.

Се насмевна внимателно момченцето и почна да ми докажува: куќата не колве зрна, а петелот колве, во петел не може да се живее, а во куќа може, венецот нема врата, а петелот…

- Знаеш што, - му реков, - мило момче, ако во моментов не ми се тргнеш ќе те исфрлам низ врата.

Ме погледна момчето во очи и виде – навистина ќе го исфрлам. Почна да плаче и отиде на баба си да ѝ се жали.

Дојде бабата во дневната и почна да ме кара:

- Како не ви е срам, млад човеку? Зошто така му направивте на милото момче? Тоа вистината ви ја кажувало.

Превод: Е.Н.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња