Од авионот

Москва од авион

Москва од авион

Википедија

На стотици милји, на стотици врсти,

На стотици километри оттука има

Сол и шум на ковил што се брсти

И кедари во шума што се црнеат назима.

Како првпат неа да ја гледам,

Татковината моја смело.

Сето тоа е мое, знам –

Моја душа и мое тело.

 

Ќе го одбележам денот со камен бел

Кога за победата ми пееше срцето,

Кога за победата кон неа, мојата цел,

Летав, претекнувајќи го сонцето. 

И на пролетниот аеродром

Шушка под нозете трева

Дома, јас сум во мојот дом

Нешто ново, но сеќавањето болска

На стегнатоста на срцето дојде крај,

Во главата имам врева

Во свежиот звук на громот во мај –

Победничката Москва!

Препев: Е.Н.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња