Пред 186 години: Во Санкт Петербург отворен првиот приватен музеј

Култура
RUSSIA BEYOND
Подоцна е преместен во Москва и со текот на времето служи како основа за националната библиотека на земјата - Ленинка (Руската државна библиотека).

Грофот Николај Румјанцев е неверојатен човек – државник (министер за надворешни работи во текот на војната со Наполеон), мецена и колекционер на стари ракописи, книги и монети. Во текот на целиот свој живот Румјанцев собира и истражува историски артефакти, а по смртта, неговиот брат го моли царот Николај I за дозвола да направи музеј за колекцијата.

На 23 ноември 1831 година првиот приватен музеј достапен за јавноста ги отвора своите врати на имотот на Румјанцеви на кејот „Англијскаја“ во Санкт Петербург и станува исклучително популарен. Во 1861 година е решено музејот да се премести во Москва затоа што Санкт Петербург веќе има многу други библиотеки и збирки кои постојано се надополнуваат, а во Москва има недостиг од такви институции.

Во Москва, музејот на Румјанцев се сместува во Домот на Пашков, веднаш до Кремљ и наскоро таму е отворена јавната библиотека на Румјанцев. Во 1924 година колекцијата на Румјанцев служи како основа за Советската државна библиотека, именувана според Владимир Ленин" (или „Ленинка“, како што народот ја нарекува подоцна).