Руски солисти настапуваат во Македонската филхармонија

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Како дел од Деновите на руската култура во Македонија на 26 октомври во 19 часот во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на кој ќе настапат руските солисти В. Бержанскаја, Р. Хамидуллин и О. Артјугина.

На концертот ќе настапи и Оркестарот на Македонската опера и балет.

Василиса Бержанскаја е лауреат на државни и меѓународни натпревари. Од 2017 година е солистка на Германската опера во Берлин.

Рустем Хамидуллин е солист на виолончело. По завршувањето на РАМ „Гнесин“ го продолжува учењето на Вишата музичка школа во Базел и во Вишата школа за музика и театар во Штутгард. Победник е на државни и меѓународни натпревари. Стажира во Симфонискиот оркестар во Базел, а од 2015 година во Симфонискиот оркестар на Југозападното радио на Германија.

Олга Артјугина е солист на виолина. По завршувањето на Санкт-петербуршкиот државен конзерваториум „Н.А. Римски-Корсаков“ и асистентура продолжува да учи кај професорот З. Брон. Победник е на државни и меѓународни натпревари, активно настапува на концерти во Русија и странство.