Денови на руската култура во Македонија

Државен академски руски народен хор „М.Е. Пјатницки“

Државен академски руски народен хор „М.Е. Пјатницки“

На 25 и 26 октомври 2017 година во Скопје и Струмица ќе се одржат Денови на руската култура.

Манифестацијата е во рамките на Деновите на руската култура кои од 18 до 28 октомври ќе се одржат во земјите од Централна и Југоисточна Европа - Словенија, Србија, Македонија и Грција.

Целта на овој проект е да се зајакне и да се продолжи развојот на културната соработка меѓу Русија и земјите од Централна и Југоисточна Европа. Денови на руската култура се одржуваат со поддршка на Министерството за култура на Руската Федерација и министерствата за култура на наведените земји. Организациската и информативна поддршка е обезбедена од страна на амбасадите на Русија и претставништвата на „Россотрудничество“.

Во проектот учествуваат Државниот академски руски народен хор „М. Е. Пјатницки“, како и солистите: победник на државни и меѓународни натпревари Василиса Бержанскаја, солистката на театарот „Бољшој“ Ана Аглатова, победник на државни и меѓународни натпревари Рустем Хамидулин (виолончело), победник на меѓународни натпревари Херман Киткин (пијано), победник на државни и меѓународни натпревари Олга Артјугина (виолина).

Во рамките на Деновите на руската култура ќе биде прикажана и изложбата на фотографии „Ерата на Григорович“, по повод 90-години од раѓањето на најголемиот кореограф на денешницата Јуриј Григорович. 

Деновите на руската култура почнуваат на 18 октомври во Марибор, Словенија. Потоа манифестациите продолжуваат од 20 октомври во Белград, Србија, каде што ќе траат до 23 октомври.

На 25 и 26 октомври руските солисти ќе настапат во Скопје и Струмица во Македонија. В. Бержанскаја, Р. Хамидулин и О. Артјугина ќе одржат концерти во Домот на АРМ во Скопје и Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица. Во концертите ќе земе учество и оркестарот на Македонската опера и балет.

Деновите на руската култура завршуваат на 28 октомври во Ираклион, Грција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња