Украина ќе воведе мораториум на исплатата на долгот од три милијарди долари ако РФ не се согласи на негова реструктуризација, изјави премиерот на Украина Арсениј Јацењук.
„За жал, имавме предлог за преговори на 29 октомври. Сега зависи од Русија дали ќе сака да ги продолжи преговорите. Ако Русија не се согласи, тогаш владата ќе воведе мораториум на исплатата на долгот од 3 милијарди за Русија“, изјави Јацењук на прес-конференција во петокот, пренесува РИА „Новости“.
Тој уште еднаш потенцираше дека Русија нема да добие подобри услови од оние за останатите кредитори.
Украина во моментов врши реструктуризација на дел од својот надворешен долг. Русија повеќепати изјави дека нема да учествува во реструктуризацијата, затоа што долгот на Украина од 3 милијарди долари е државен, а не комерцијален.
На тој начин, Украина ризикува да се доведе во состојба на дифолт поради обврзниците од 3 милијарди долари што ги поседува Русија. Рокот за враќање на долгот е во декември. Дифолтот поради државни обврзници може да доведе до блокирање на следните транши финансиска помош од ММФ за Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче